ФОТО: Игор Џамбазов му ја украде девојката на Андрија Милошевиќ?!

Сите добро се’ уште ја паметиме мегапопуларната ТВ серија „Андрија и Анѓелка “ која се емитуваше и на наедна од нашите телевизии, во која актерите Андрија Милошевиќ и Анѓелка Прпиќ се момче и девојка во долга врска, живеат заедно, искрено се сакаат, ама и секојдневно се караат и си одат еден на друг на живци!

Токму деновиве Анѓелка Прпиќ е на гости во Скопје. Првата јавно објавена фотографија од нејзиното присуство во македонската метропола осамна на социјалните мрежи, и тоа на Инстаграм профилот кај Игор Џамбазов. На неа, Игор и Анѓелка, а под фотографијата „писание“ со најава: „Игор и Анѓелка, новата играна серија – наскоро…“!

И веднаш тргнаа муабетите, шпекулациите, нагаѓањата, претпоставките… Вистина е или Игорче си тера мајтап со нас?

Дали популарната српска актерка е во Скопје по своја работа или ќе биде дел од актерската екипа при снимањето на некоја од новите епизоди на третата сезона од хумористичниот ситком „Преспав“, засега останува тајна?! Продуцентите уште пред почетокот на снимањето веќе најавија дека во новите епизоди ќе има актери – гости и од соседството, како што тоа лани беше бугарската актерка Јана Маринова во улогата на газдарицата Преслава, па можеби Анѓелка е една од нив?

Или навистина Игор Џамбазов му ја „украде девојката“, ама и шоуто на популарниот Андрија!? Конечно, ќе дојде ли и Андрија во „Преспав“ по Анѓелка? Засега нема одговор на овие прашања, а и не би било интересно, ако се’ се знае однапред,нели?!

Моќно средство кое ја чисти машината за перење подобро од купечкото

Дали ви се случува да извадите свежо испрани алишта од машина а тие да не мирисаат како што треба? Една причина поради тоа е неправилното одржавање на амшината за перење.

Таа често се користи, па затоа треба и често да се чисти.За да се ослободите од нечистотиите , непријатните мириси, но и бигоро, потребно ви е оцет и сода бикарбона.

Во бубањот ставете100 грама сода и додадете 1 децилитар оцет, па пуштете ја машината празна на најкратката програма која ја има вашата машина. Содата и оцетот ќе го растопат бигорот и ќе ги уништат непријатните мириси.

Крајот на годината ќе биде најдобар за три хороскопски знаци

Крајот на годината за неколку хороскопски знаци може да донесе големи изненадувања.

Бик

Оние родени во знакот на Бик, средината на декември ќе биде зафатена и многу активна, но и успешна. Ќе бидете пофалени и наградени за вашиот руд на работа. Следната година ќе може да превземете повеќе одговорност, па ќе ви даде и тоа поголема мотивација.

Девица

Декември ќе донсе повеќе стабилност во секојдневието на девиците. Посебно ќе можат работните проекти да ги привршат, а завршните резултати ќе придонесат за пофалби од шефот и ќе ви се отвори пат за нови успеси на работното поле за наредната година.

Скорпија

Јупитер, Марс и Меркур ќе се погрижат Скоприите да имаат грандиозна завршница на годината. Своите таленти и предност дупло ќе ги покажат и работно и приватно.Трудот ќе се исплати, а наредната година двоструко ќе бидете наградени.

ФОТО: Поранешниот холивудски секс-симбол денес непрепознатлив на улица

Актерот Ник Нолти (78), кој има снимено повеќе од 50 филма во својата кариера и дури трипати беше номиниран за „Оскар“, денес изгледа непрепознатливо. Во младоста го сметаа за секс-симбол на Холивуд, а по него воздивнуваа жени од целиот свет.

Но, оттогаш поминаа децении, а Нолти веќе не е она што беше. Напротив, камерите го фатија во едно сосем поинакво издание – долгата бела брада, неуредната коса и немарното облекување го трансформираа Нолти, па денес малкумина би го препознале.

Нолти ја почна својата кариера во театарот, но набргу се префрли на филмското платно, кое му обезбеди планетарна популарност. Покрај актерството, тој е познат и по својот турбулентен приватен живот, кој се карактеризира со борба против зависности и со многубројни неуспешни љубовни врски.

Нолти се женеше четирипати и има две деца. Тој неколкупати е прогласуван за најпосакуван маж на светот.

Популарно