Општина Центар: Јапонските цреши на „Максим Горки“ ќе бидат заменети со нови

Општина Центар информираше дека ЈП „Паркови и Зеленило“, на барање на општината, вчера и денес извршиле интервенција на дрворедот на улицата „Максим Горки“.

Се работи за отстранување на стари и болни дрва од видот Јапонска цреша. Јапонската цреша е дрво по кое е и самата улица „Максим Горки“ препознатлива и карактеристична, се вели во соопштението од општината.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🥺 Утрово беа исечени Јапонските цреши на улицата Максим Горки.

A post shared by Skopjeinfo.mk (@skopjeinfo.mk) on

 На местото на отстранетите стари и болни дрва во понеделник ќе засади нови 18 висококвалитетни дрва од истиот вид, Јапонски цреши, кои се примени како донација од вработените во претставништвото на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје.

Кучиња нападнале полицајци во Кисела Вода

На 14.03.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, двајца полициски службеници, додека извршувале службени задачи, биле нападнати и каснати од неколку кучиња сопственост на М.Г.(54) од Скопје, за кој претходно било пријавено дека во дворот на небезбеден начин ги чувал кучињата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Драма во скопска Кисела Вода: Групна тепачка меѓу дедовци

На 03.03.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Н.(79) и Т.Н.(79), од една страна и Л.Ш.(64) од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Приведена Американка која полудела во зграда во Кисела Вода

Вчеравечер во 23.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ја привеле К.А.Р.(49) од САД затоа што во зграда на подрачјето на Кисела Вода го нарушила јавниот ред и мир и агресивно се однесувала кон дел од станарите.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Популарно