Во Хрватска еден бегалец „помалку“

Во четвртокот во Нови Сад бил уапсен еден од најбараните криминалци во Хрватска, ова е потврдено од Хрватското МВР. Претходно Министерството за внатрешни работи на Хрватска во соработка со единица од Србија и Полициската управа на Нови Сад успеале да го лоцираат еден од најбараните хрватски бегалци Бојан Драгичевиќ

Драгичевиќ во 2005 година, за помалку од еден месец, со група соработници двапати ограбил иста банка во Шибеник со помош на пластичен пиштол. По двете разбојништва успеал да побегне и се криел до 2012 година, кога по седум години бегство бил уапсен во Босна и Херцеговина и екстрадиран во Хрватска.

Судот го осуди на затворска казна од четири години и два месеца. По година и пол успеал да побегне од најстрого чуваниот дел на затворот, но истиот ден бил пронајден и вратен на издржување на казната. Во април 2014 година преместен е во затворот во Пула, од каде по само четири месеци побегнал со прескокнување на шидот. ОПттогаш беше во бегство.Овој бегалец се наоѓа на Европската листа на најбарани од 2016 година, односно од составувањето на листата каде се објавени имињата на најбараните криминалци во Европа, со оглед дека станува збор за исклучително опасен и насилен бегалец.

Уапсен познатиот актер Сергеј Трифуновиќ

Познатиот актер Сергеј Трифуновиќ е уапсен вечерва во Белград, во населбата Вождовац, јавуваат српските медиуми.

Полициски инспектори кај актерот нашле неколку грама недозволена супстанца.

Трифуновиќ бил приведен околу 20 часот и тоа додека купувал дрога од познаник.

Уапсен е и мажот кој бил до Трифуновиќ.

Почина познатиот македонски моторџија

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи.

– Почина Тони Шипка, човек кој имаше големо срце и беше голем другар. Тони беше член на LOWLANDERS MC MACEDONIA. Сочувство до семејството и клубот, до неговите пријатели и блиски. Ќе ни фалиш Тони! Почивај во Мир, стои во објавата.

Погребот ќе се одржи утре на гробиштата во Ѓорче Петров.

Украле цел сеф со пари од менувачница во Чаир

Вчера до СВР Скопје стигнала пријава дека непознати лица влегле во менувачница во Чаир и одзеле сеф кој бил полн со пари. Возилото со кое е извршена кражбата е пронајдено подоцна на паркинг исто на територијата на Чаир.

„На 17.04.2024 во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки. По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“.

Популарно