ВИДЕО: Тања Савиќ снимена како плаче среде улица

Популарната Тања Савиќ од музичката сцена се повлече на одреден период, но со нејзините нови хитови повторно направи хаос на музичката сцена и нејзините песни се едни од најслушаните.

Кога станува за нејзиниот приватен живот, Тања често е на мета на медиумите, па може да се видат разни приказни за некогашната учесничка во „Ѕвездите на Гранд“.

Имено, еден период се појавуваа шпекулации дека наводно пејачката има криза во бракот, односно дека нејзиниот сопруг физички и психички ја малтретира, потоа се појавуваа шпекулации дека наводно се разведуваат и сл.

Савиќ ги демантираше сите овие пишувања истакнувајќи дека во нејзиниот брак се е во најдобар ред и дека посакува да има и друго дете.

Меѓутоа, деновиве екипата на емисијата „Папарацо лов“ ја снимаше пејачката како сама седи на клупа среде улица и неутешно плаче, па веднаш се поставува прашањето која е причината за нејзините солзи.

Кој е виновен за солзите на Тања не знаеме, а што точно се случило останува да ја гледаме емисијата „Папарацо лов“.

ВИДЕО: Прзанична атмосфера во домот на Сека Алексиќ

Пејачката Сека Алексиќ (38) секоја година се труди нејзиниот и домот и сопругот Вељко Пиjикиќ да изгледаа што поубаво за новогодишните и божиќните празници, а бидејќи го добија и синот Јаков, нивната декорација се подигна на повисоко ниво.

Иако сè светеше и минатата година, овој пат, Сека се надмина себеси, бидејќи, по барање на малиот наследник, секој дел од куќата беше украсен, па дури и тоалет.

Сека покажа и како изгледа нивната елка која е богато украсена.

Погледнете:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Nasi drugari iz @nova_natura_zemun su se bas potrudili da nam ulepsaju dom! ❄️🎅🏼🎁🎄

A post shared by SEKA ALEKSIĆ (@seka_aleksic) on

Бранка Соврлиќ: „Џабе ми е шо имам милиони, кога немам деца“

Српската пејачка Бранка Соврлиќ која има 65 години за време на својата кариера стекнала големо богатство, но искрено признава дека жали за тоа што не се остварила како мајка.

Бранка и нејзиниот сопруг поседуваат неколку луксузни станови во Белград и Сараево, како и ресторан, но материјалниот статус не може да им ја надомести тагата поради тоа што немаат деца.

„Паја, односно Садик Пашиќ, мојот сопруг и јас, стекнавме многу. Без лажна скромностт, ние сме милионери, но би сакала да имам многу помалку, а Бог, односно таа виша сила, судбината, да ни подареше деца, односно барем едно дете. Вака некој би рекол џабе ни е се. Едноставно немавме среќа во совршениот брак со многу љубов и разбирање да станеме и родители. Бог изгледа не дава се“, раскажала пејачката.

Бранка, инаку својот сопруг го запознала на еден од своите настапи.

ФОТО: Здравко Чолиќ после 52 години го признал синот

Иако на Евровизија во дамнешната 1973 година со песната “Гори ватра“, евровизиските фанови од цел свет и понатаму внимателно ја следат работата на Здравко Чолиќ.

Сега на социјалните мрежи се појавила урнебесна споредба, каде што некој напишал текст каде што Чола после 50. и повеќе години решил да го признае синот.

- Здравко се до својата 52 година, никогаш не го признал пеачот Амра Казиќ Лео. Оваа тајна сите овие години била криена од него. Но после се, сепак се одлучил на некои медиуми да им признае дека Амир е негов син. Многупати се зборувало како Лео го имитира Здравко Чолиќ, и дека слично пее како него. Сепак истите медиуму признале дека тој не го имитирал, туку дека тој е ист Чола.

Амир Лео, роден е во Сански Мост, 17 октомври, каде што одел во КУД Грмеч. а со пеење почнал да се занимава во средно училиште

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Dobar vam daaaan #brtonigla #istria #istrien #croatien #croatia

A post shared by Amir Kazić Leo Official (@amirkazicleo) on

Популарно