Дигитализирана елка на 1 декември ќе блесне на плоштад

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, најави дека оваа Нова година елката на централниот плоштад во Скопје ќе биде дигитализирана. Новата елка и „Винтерленд“ градоначалникот ги наброја како дел од напорите Скопје да го направи поатрактивна регионална дестинација.

„Лани, кога го промовиравме ‘Винтерленд’, наидовме малку на скепса, но потоа излезе дека тоа е место што треба да се посети. Лани навистина немаше човек од Скопје, а можеби и од Македонија што немаше фотографија под новогодишната елка. Оваа година ќе биде малку и дигитализирана елката, ама ќе ја видите. Ајде да не зборуваме и да не ги откриваме сите работи однапред“, рече Шилегов.

Додаде дека во изминатите две години се случиле убави концертни настани и оцени дека е подигнато нивото на културата во главниот град.

Од минатата година просторот околу елката е организиран како дел за храна и пијалаци, а граѓаните имаат можност да се дружат и да уживаат во понудата на околните куќички во новогодишната населба. Шилегов најави и дека е потврден настапот на регионалната поп-ѕвезда од БиХ Дино Мерлин за време на новогодишната ноќ. Скопје ќе биде во новогодишно руво од 1 декември.

Кучиња нападнале полицајци во Кисела Вода

На 14.03.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, двајца полициски службеници, додека извршувале службени задачи, биле нападнати и каснати од неколку кучиња сопственост на М.Г.(54) од Скопје, за кој претходно било пријавено дека во дворот на небезбеден начин ги чувал кучињата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Драма во скопска Кисела Вода: Групна тепачка меѓу дедовци

На 03.03.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Н.(79) и Т.Н.(79), од една страна и Л.Ш.(64) од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Приведена Американка која полудела во зграда во Кисела Вода

Вчеравечер во 23.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода ја привеле К.А.Р.(49) од САД затоа што во зграда на подрачјето на Кисела Вода го нарушила јавниот ред и мир и агресивно се однесувала кон дел од станарите.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Популарно