22 годишната Ангела Ѓорѓиевска рече дека не се чувствува виновна

22 годишната Ангела Ѓорѓиевска на почетокот на судењето за убиството на Пинета Секондо-Пино, рече дека не се чувствува виновна за кривичното дело бидејќи ништо од тоа што е наведено во обвинението не го сторила.

Освен Ѓорѓиева, за убиството на Пино е обвинет и 27 годишниот Фуркан Али, но тој е во бегство.

26 годишниот Пинета (Пино) Секондо беше исчезнат од декември лани, а случајот во полиција беше пријавен од неговата мајка. Потрагата по Пино траеше повеќе од пет месеци, се до 29 април годинава, кога непознат граѓанин во полиција пријави дека во атарот на скопското село Љуботен е пронајден човечки скелет покриен со камења за кој се утврди дека станува збор за исчезнатиот Пино. Два дена подоцна, на 31 мај, МВР до Основното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Али Фуркан(27) и Ангела Ѓорѓиевска (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „убиство“ сомневајќи дека тие се виновни за смртта на Пино - пренесува Сител.

ВИДЕО: Македонецот Ненад Стоилковски измисли гориво на вода

Фејсбук страната земјоделие.мк сподели една иновација…

Ненад Стоилковски замолил да биде објавено неговото видео. Енергија од вода. Фонд за иновации се слушаме ли?

Во видеото Ненад го објаснува целиот процес за создавање енергија од вода за која тој вели дека може да се користи за возење автомобили, за греење дома како и за сечење.

Погледнете и сами уверете се во ова откритие:

Интервју на судијката Добрила Кацарска во емисијата „360 степени“

Судијката Добрила Кацарска во вчерашното интервју во емисијата „360 степени“ на телевизија Алсат рече дека доколку Орце Камчев и кажел дека му бараат пари, таа ќе го советувала да не дава.

-Ниту мајката на Орце, Ратка Камчева, со која сум премногу блиска, секој ден се слушаме и гледаме, не ми спомнала ништо за случајот. Ако ми кажеа дека му бараат пари, јас ќе го советував да не дава. Од друга страна, можеби и некој сакаше да го намести и да рече дека тој нуди парични средства. Треба да им бидам благодарна што не ме вмешаа. А, факт е дека јас бев постојано со неговата сестра и мајка додека беше во притвор, вели Кацарска.

Според неа, ветинг во судството треба да има и оти на тоа не гледа како на притисок врз судската власт, ниту пак, мешање на извршната власт во судството.

-Во никој случај, ама баш во никој случај не го сметам тоа за притисок на извршната власт врз судиите, ниту мешање во работата на судиите. Не само сега, додека е оваа партија на власт и било која партија да е на власт моето мислење ќе биде такво. Сметам дека треба да има ветинг во судството, вели Кацарска.

Обвинителството истражува дали девојче во Гостивар се самоубило поради врски со секта

Се истражува дали самоубиството на 13-годишно девојче од Гостивар е поврзано со секта.

Девојчето од Гостивар пред неполн месец се самоуби, но од обвинителството информираат дека случајот не е затворен, туку се истражува дали девојчето било дел од некоја секта, затоа што дел од доказите укажувале на тоа.

Безживотното тело беше пронајдено во нејзиниот дом на 25 ноември. 

„Иако првичните сознанија непосредно по настанот упатуваа дека се работи за случај на самоубиство, сепак поради определени индиции, истрагата продолжува со испитување на мотивите кои биле причина за смртта. Имено, веднаш по настанот, дежурен јавен обвинител изврши увид на лице место и издаде наредба за обдукција на телото на починатото девојче. При обдукцијата првично беше констатирано дека починатата на себе има и други повреди кои би можеле да упатуваат на нејзина припадност кон секта“, стои во соопштението. 

Јавниот обвинител дополнително издаде наредба за токсиколошки испитувања и за анализа на биолошки материјал, како и наредба за вештачење на телефонот и на комуникацијата преку социјални мрежи на починатото лице. Дополнително, Основното јавно обвинителство Гостивар побара од МВР да изврши проверки и споредба со евентуално слични случаи во државата или надвор од неа, како и да изврши разговори со семејството, пријателите и соучениците на починатата девојка, како и со наставниот кадар во училиштето, соопштуваат од обвинителството.

Популарно