ВИДЕО: Александра од свадбата на Вељко си замина со бакшиш колку една просечна плата

За време на свадбата на Вељко и Богдана пееше и младата пејачка Александра Младеновиќ, која „собра“ убедливо најголем бакшиш, а парите не можеше да ги додржи во рацете.

Таа е позната по својот раскошен глас, како и способноста да го „погоди“ репертоарот и сите да ги понесе атмосферата. Секако, тоа многу им се допадна на гостите, кои воопшто не штедеа пари.

На крајот на настапот, таа во рацете имаше завидно купче пари, од кое наѕираа банкноти од 100 и 500 евра. Според проценките на српските медиуми, во даден момент таа во раце држела просечна српска годишна плата, а успеа да ја изработи само за неколку часа.

Ќе има свадба: Се сврши Маријан Стојаноски!

Пејачот Маријан Стојаноски се вери со својата избраничка Наташа, а убавата вест ја соделија и на социјалната мрежа на Фејсбук.

Инаку, Марјан Стојаноски до сега приватниот живот го чуваше подалеку од очите на јавноста, но веста за неговата веридба веднаш се прошири на социјалните мрежи.

Фото: Цеца е среќна свекрва: Што доби за подарок од снаата Богдана?

Не помина ниту еден месец од свадбата на наследникот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ, а снаата веднаш ја изненади свекрвата.

Имено, Богдана на Цеца и подари прстен, а пресреќната свекрва за тоа се пофали на Инстаграм. Како изгледа подарокот погледнете во продолжение.

ФОТО: Весна Џогани го промени изгледот - нема да ја препознаете

Иако долго време откако е на естрадата нема направено промена и цело време е со долга руса коса, Весна Џогани се одлучи на голема промена.

Имено таа долгата коса ја оби во неколку бои. Има сина, розева и зелена боја, а стајлингот го дополни со темни наоќари, капа и тексас кошула.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#djogani 💋💋💋 @kokonadogradnjakose

A post shared by Djordje Djogani (@djoganivesna) on

Популарно