ФОТО: Северина со потресно писмо до синот откако ги загуби старателството

Вчера, хрватскиот суд одлучи да ѝ го одземе старателството на Северина над 7-годишниот син, а денес таа напиша писмо до него, кое ќе ви го стопи срцето.

Северина беше скршена од тага по одлуката на судот да ѝ биде одземено старателството, но таа не се откажува од синот и докажува дека ќе му биде најдобра мајка дури и ако не се секојдневно заедно. На Инстаграм таа објави емотивно писмо со неколку фотографии кое нема да ве остави рамнодушни:

„Знаеш сине, тоа се само некои листови кои некој ги испишал, а на нив има некои букви кои некој ги скоцкал во зборови, а тие не вредат за нас двајца.

Нè одземаа еден од друг физички, но тоа е единственото што можат да го направат. По 7 ипол години, сега ми даваат да те гледам 88 часа месечно. Еј, па тоа се сепак 88 часа. Можеа да бидат и помалку, беа подготвени на сè и направија сè за да нè повредат.

Но, знаеш ли што сè можеме, ти и јас за тие 88 часа? Можеме чуда. Ми дозволија двапати месечно да преспивам со тебе и да те успивам… Еј, колку можеме да си изнакажеме за тие две вечери, тие не можат ни да замислат. Сите други вечери мама ќе те замислува. Бидејќи ти се претвораш во секоја моја мисла и секоја моја мисла се претвора во тебе.

Некои луѓе можат да ми те забранат, но не можат да ми забранат да те сакам, да мислам на тебе секоја секунда. Ова е сине, само еден гаден сон и мама ветува дека брзо ќе се разбудиме. Повторно ќе се успиваме секоја вечер, а за тоа ќе одлучи „господинот време“. Дотогаш, мама ќе биде секогаш покрај тебе и ова брзо ќе помине сине.

Извини што не стигнав ни да ти објаснам што се случи вчера, имавме многу поважни работи… Гледавме „Toy Story 4“, па правевме палачинки, па си игравме во зоолошка… Немаше време за тага ниту за објаснување… Морав да те одведам… Отидовме со насмевка…

Тие чудни зборови кои постојат само на листовите, но не и во реалноста, ги напиша една тетка која не знае кои сме ние и која само си игра со нас… Тетката е на повисоко ниво во играта. Воведе нови правила во играта наречени „хрватско правосудие“. Ние едноставно не го имавме ова предвид, не ги знаевме правилата. Тоа се нејзини правила, нивни, не наши.

Само ти мене биди ми добро и сè ќе биде во ред. Мама е добро, Робине мој, твојот Бетмен те чека. И прости им сине, бидејќи навистина не знаат што прават“…

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Znaš sine, to su samo neki papiri koje je netko ispisao i postoje neka slova koja je netko natipkao u riječi, koja ne vrijede za nas dvoje. Oduzeli su nas jedno od drugog fizički, ali to je sve što su mogli. Nakon 7 ipo godina sada su mi dali da te viđam 88 sati mjesečno. Hej, pa to je ipak 88 sati. Mogli su i manje, sve su mogli i sve su napravili da nas povrijede. Ali, znaš šta sve mi možemo, ti i ja s 88 sati? Možemo čuda. Dali su mi da dvaput mjesečno mogu prespavati s tobom i uspavati te.... Hej, koliko se mi možemo ispričati za te dvije večeri, oni ne mogu ni zamisliti. Sve druge večeri mama će te zamišljati. Jer ti se pretvaraš u svaku moju misao i svaka moja misao se pretvara u tebe. Mogu mi te neki strani ljudi zabraniti, ali mi ne mogu zabraniti da te volim, da mislim na tebe svaku sekundu. Ovo je, sine, samo ružan san i mama obećava da ćemo se brzo probuditi. Opet ćemo se mi uspavljivat svaku večer, a o tome će odlučiti “gospodin vrijeme”. Dotad, mama je uvijek uz tebe i ovo će brzo proći, sine. Oprosti što ti nisam stigla ni objasniti šta se jučer dogodilo, imali smo puno važnijih stvari... Gledali smo “Toy story 4”, pa smo pekli palačinke, pa smo se igrali zoološkog... Nije bilo vremena za tugu, ni za objašnjenje... Morala sam te odvesti... Išli smo sa osmijehom. Te čudne riječi koje postoje samo na papiru, ali ne i u stvarnosti, napisala je jedna teta koja ne zna tko smo mi i koja se igra s nama... Teta je na višem nivou igrice. Uvela je nova pravila u igricu zvanu “hrvatsko pravosuđe”. Mi samo nismo ovo ni slutili, nismo znali pravila. To su njena pravila, njihova, ne naša. Samo ti meni budi dobro i sve će biti dobro. Mama je dobro, Robyne moj, tvoj Batman te čeka. I Oprosti im sine, jer stvarno ne znaju šta čine....

A post shared by Severina Kojic (@severina) on

Ќе има свадба: Се сврши Маријан Стојаноски!

Пејачот Маријан Стојаноски се вери со својата избраничка Наташа, а убавата вест ја соделија и на социјалната мрежа на Фејсбук.

Инаку, Марјан Стојаноски до сега приватниот живот го чуваше подалеку од очите на јавноста, но веста за неговата веридба веднаш се прошири на социјалните мрежи.

Фото: Цеца е среќна свекрва: Што доби за подарок од снаата Богдана?

Не помина ниту еден месец од свадбата на наследникот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ, а снаата веднаш ја изненади свекрвата.

Имено, Богдана на Цеца и подари прстен, а пресреќната свекрва за тоа се пофали на Инстаграм. Како изгледа подарокот погледнете во продолжение.

ФОТО: Весна Џогани го промени изгледот - нема да ја препознаете

Иако долго време откако е на естрадата нема направено промена и цело време е со долга руса коса, Весна Џогани се одлучи на голема промена.

Имено таа долгата коса ја оби во неколку бои. Има сина, розева и зелена боја, а стајлингот го дополни со темни наоќари, капа и тексас кошула.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

#djogani 💋💋💋 @kokonadogradnjakose

A post shared by Djordje Djogani (@djoganivesna) on

Популарно