Видео: Кој пејач имаше среќа Цеца да му седи во сkут?

Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ, од моментот кога излезе на сцената, успеа да го привлече вниманието на јавноста, но нејзините тогашни постари колеги предвидуваа дека таа ќе биде голема starвезда, што  навистина се случи.

На почетокот на нејзината кариера, кога беше многу млада, Цеца позираше со пејачот Бобан Здравковиќ на насловната страница на магазинот Сабор.

- Цеца буквално беше дете кога почна да пее. Таа во тоа време доаѓаше на мојот концерт и сите веднаш знаевме дека таа ќе биде голема звезда. И кога стана голема звезда, јас сум секогаш среќен кога ќе ја видам, и јас сум среќен поради тоа - рече пејачот, а потоа откри кава била Цеца за соработка тогаш .

- Девојченце која имаше многу енергија,  и за која навистина се очекуваше да биде голема звезда - заклучи  Бобан

Здравковиќ.

Видео: Македонецот Александар Велики е нов светски шампион во УФЦ

Натпреварувачот од Австралија  во мешани боречки вештини со македонско потекло, Александар Волкановски (31 година) успеа да стане  светски шампион во перолесна категорија во престижната УФЦ-серија, откако ноќеска, по голема борба во Лас Вегас, го совлада еден од најдобрите во историјата, Макс Холовеј.

Александар Велики, како што го нарекуваат медиумите, доминираше во текот на целиот меч и на крајот победи со едногласна одлука на судиите во негова корист. Тој е роден Шелихарбор во Нов Јужен Велс, додека неговиот татко е од пелагониското село Беранци од каде на 15-годишна возраст се преселил во далечната Австралија.

Волкановски шансата да се бори за шампионскиот појас ја доби со 17-те триумфи во низа во октагонот, од кои седум беа во најдобрата на светот во мешани боречки вештини, УФЦ-серијата.

Сосетката на Кристијано Роналдо, открила каков е приватно фудбалерот, но и како живее неговото семејство

Сосетката на Кристијано Роналдо, Елизабета Бети Борел, открила каков е приватно фудбалерот, како живее неговото семејство, но и какови соседи се тие.

Кристијано живее со партнерката Џорџина Родригез и четирите деца – две заеднички и две негови од сурогат мајка, во елитен кварт во Торино. Елизабета, чиј татко бил познатиот фудбалер Феличе Борел, вели дека Роналдо и неговото семејство се совршени соседи. 

“Се плашев дека постојано ќе организираат забави и дека ќе прават бука, но тие се најдобрите можни соседи. Постојано е тивко”, вели таа за “Corriere della Sera”.

Елизабета додала и дека познатиот фудбалер има гаража која е полна со скапоцени автомобили.

“Кристијано воглавно го гледам во Ролс-Ројс. Гаражата му е полна со спортски автомобили, помеѓу кои се наоѓа и еден Лотус”.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Enjoy 😉👌🏻

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Сосетката вели дека фудбалерот на Јувентус има затворен базен и мала, но прекрасно уредена градина.

“Јас, иако сум ќерка на познат фудбалер, имав детство како и сите мои врсници, но децата на Роналдо живеат поинаку. Често го гледам Кристијано Јуниор како вози скејтборд во заштитениот дел од улицата во која не може да се влезе поради рампите и обезбедувањето. Секогаш кога ги води децата на прошетка, Џорџина покрај себе има телохранител”.

Таа го опишала животот на децата на Роналдо како “живот во златен кафез”:

“Кристијано Јуниор е најчесто на училиште или на тренинзи во Јувентус. Јас имам четири внуци кои си играат со своите врсници низ квартот. Кристијано би можел да се дружи со нив, но кога и да го видам, тој е сам”, заклучила сосетката на Португалецот.

ФОТО: Босите нозе не ја спречија да победи во трките на 400 метри, 800 метри и 1500 метри.

Реа Булос ги направила патиките од фластери на нозете, но тоа не ја спречи да освои три златни медали, а нејзината приказна брзо стана вирална на социјалните мрежи.

Булос во своите ,,патики” доминираше Iloilo Schools Sports Council Meet, каде освои три златни медали . Таа беше прва во трките на 400 метри, 800 метри и 1500 метри.

Фотографиите од нејзините нозе и „Nike running shoes“ брзо се раширија низ социјалните мрежи и стигнаа до селекторот на професионалниот тим на Филипините.

 Џеф Каријасо, тренер на кошаркарскиот тим на Алјаска Ајс, објави на Твитер за девојчето и ги замоли своите следбеници да му дадат контакт со  младата атлетичарка.

За помалку од два часа, Каријасо ги доби деталите што ги бараше и ја контактираше Реа и нејзиниот тим, а многу други на социјалните мрежи изразија желба да и помогнат на девојчето.

Популарно