Утре делови од Скопје ќе останат без струја

Утре од 8:30 до 15:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија дел од корисниците од село Усје од улиците „1", „4" и „6", лоцирани на крајот на селото.

Од 8:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Ракотинци, од 9:00 до 12:00 часот корисниците од улицата „10" во село Долно Соње, а од 9:00 до 11:30 часот корисниците од улицата „Јуриј Гагарин", од број 87 до број 99, во Општина Карпош.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во електро-системот на Град Скопје од страна на екипи на „ЕВН Македонија" АД.

Нападната скопјанка во ресторан во Центар

Во Полициската станица Центар, Е.М.(35) од Скопје вчера во 18.00 часот пријавила дека во 02.00 часот во угостителски објект на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ била физички нападната од Д.Н. од Скопје.


Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Рушиме рекорди по загаденост на воздухот

Сеуште сме помеѓу првите 10 главни градови по загаденост. Сараево, Белград и Скопје изутринава се меѓу најзагадените градови во светот. Главниот град на Босна и Херцеговина, утрово е второрангиран на листата на најзагадени места во светот според мерењето „AirVisual“.

Според оваа листа, на табелата која беше објавена изутринава на прво место е Бишкек, Киргистан, на второ место е Сараево, додека на третата позиција е Делхи во Индија.

Во однос на регионот, загадени градови се Белград, Скопје и Приштина. Белград е на шестото место на листата, пред Скопје кое што е на седмото место.

AQI го подготвува Индексот за квалитет на воздухот и се фокусира на најопасните честички, вклучувајќи ги и оние помалку од 2,5 микрометри и помеѓу 2,5 микрометри и 10 микрометри.

Скопје синоќа се задуши, загадувањето во Ново Лисиче над 500

Не требаше температурите да паднат многу под нулата за на скопјани да им се врати најголемата мака во зимските месеци, огромното загадување. Така, синоќа мерните страници ширум главниот град покажаа еднормна загаденост речиси во сите општини.

Апсолутен рекордер, се разбира во негатвна смисла, беше Ново Лисиче каде загадувањето достигна над 500 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен околу 22 часот.

Како што може да се види на измеретните вредности на апликацијата Мој воздух, ниту Гази Баба и Ректорат не беа многу далеку, па и таму синоќа загадувањето беше алармантрно со 198 и 167 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен.

Фактот кој е најзагрижувачки е тоа што се уште ги немаме достигнато најниските зимски температураи кои знаат да достигнат и до 10-20 степени под нулата, а останува само да се надеваме дека тогаш овие индекси нема да достигнат четвороцифрена бројка...

Популарно