Скопје синоќа се задуши, загадувањето во Ново Лисиче над 500

Не требаше температурите да паднат многу под нулата за на скопјани да им се врати најголемата мака во зимските месеци, огромното загадување. Така, синоќа мерните страници ширум главниот град покажаа еднормна загаденост речиси во сите општини.

Апсолутен рекордер, се разбира во негатвна смисла, беше Ново Лисиче каде загадувањето достигна над 500 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен околу 22 часот.

Како што може да се види на измеретните вредности на апликацијата Мој воздух, ниту Гази Баба и Ректорат не беа многу далеку, па и таму синоќа загадувањето беше алармантрно со 198 и 167 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен.

Фактот кој е најзагрижувачки е тоа што се уште ги немаме достигнато најниските зимски температураи кои знаат да достигнат и до 10-20 степени под нулата, а останува само да се надеваме дека тогаш овие индекси нема да достигнат четвороцифрена бројка...

(Фото) Тешко повредена жена велосипедист во близина на Рамстор пред малку

Од фотографиите што ги испратија случајни минувачи кои се нашле во моментот на сообраќајната несреќа може да се види како бел џип со скопски регистарски таблички удрил во велосипедист на пешачкиот премин што се наоѓа во близината на Рамстор на булеварот Св. „Кирил и Методиј“ или поточно пред зградата на АЕК, објави порталот СКопјеинфо.

Од она што може да се забележи дека повреденото лице е жена, а присутна е екипата и на итната помош.

Кучиња нападнале полицајци во Кисела Вода

На 14.03.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, двајца полициски службеници, додека извршувале службени задачи, биле нападнати и каснати од неколку кучиња сопственост на М.Г.(54) од Скопје, за кој претходно било пријавено дека во дворот на небезбеден начин ги чувал кучињата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Драма во скопска Кисела Вода: Групна тепачка меѓу дедовци

На 03.03.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.Н.(79) и Т.Н.(79), од една страна и Л.Ш.(64) од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Популарно