Повреден полицаец во обид да спречи грабеж

Еден полицаец е полесно повреден во обид да спречи грабеж во скопската населба Топана. Настанот се случил во маркетот „Кипер“ откако во него влегле две маскирани лица и го ограбиле. Во моментот на бегство ги пресретнал полицаецот кој се обидел да ги запре, но бил нападнат од разбојниците.

Според првичните податоци, полицискиот службеник немал сериозни повреди и не е во животна опасност.

Извор Алсат

Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот

Хрватскиот државен инспекторат ги повлече од пазарот наполитанките „Нестле Кит Кат мини“ поради присуство на минерални масла, соопшти Агенцијата за земјоделство и храна.

Се повлекува исклучиво „Несле Кит Кат Мини“ 200 г во кесичка серија 40580734, со рок на траење од 01.2025 година, пренесува Дневник.хр.

Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а дистрибутер за Хрватска е Nestle Adriatic д.о.о. од Загреб.

Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април

Вработените во здравството нема да добијат усогласување на платите со порастот на минималната плата поради непотпишувањето на анексот на колективниот договор. Поради тоа на 8 април најавуваат протест што ќе почне од пред зградата на Сојузот на синдикати на Македонија, а ќе заврши пред Министерството за здравство.

- Протестот ќе биде токму во насока на изразување незадоволство од непотпишувањето на анексот на колективниот договор којшто веќе беше завршена работа, но поради политичките игри остана непотпишан и со тоа повеќе од 20 илјади работници во здравството остануваат без усогласувањето на нивните плати со порастот на минималната плата, соопшти денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов. 

Според информациите на ССМ, освен вработените во здравството, усогласување на платите ќе нема и во образованието и во Министерството за внатрешни работи.

- Усогласување со порастот на минималната плата ќе нема и во образованието поради непотпишување на колективниот договор. Според моите сознанија, и вработените во Министерството за внатрешни работи нема да добијат усогласување на палтите, меѓутоа управата на локално ниво, правосудството, Правобранителството, јавнообвинителската служба, судската служба и.т.н. ќе добијат усогласување имајќи предвид дека Синдикатот на УПОЗ потпиша низа колективни договори каде ова право е утврдено меѓутоа и законските решенија, кои се обидуваа на мала врата да ги сменат пред објавата на висината на минималната плата, го овозможуваат тоа, истакна Трендафилов. 

Уште еден приведен за убиството на матичниот лекар во Железара

Уште едно лице е приведено за поврзаност со убиството на матичниот лекар во Железара кој беше пронајден во своето возило „киа рио“ со девет убодни рани. 

Информацијата ја потврди техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

-Приведени се вкупно три лица.Претресот е завршен во доцните часови. Се продолжува со други истражни дејствија, се со цел да може да се утврди соодветната фактичка состојба. Така што, за нови дополнителни информации, јавноста ќе биде дополнително известена, рече Тошковски, одговарајќи на новинарско прашање во Струмица.

Доцна синоќа полицијата вршеше претрес во скопска Автокоманда. Приведе двајца, кои се се уште на распит во полициска станица. Од Јавното обвинителство не откриваат многу детали, но велат дека мотивите допрва ќе се утврдуваат.

Вчера во подкастот „Претрес“, Тошковски кажа дека според првичните информации, убиството не е поврзано со неговата дејност.

Во четвртокот вечерта, околу 23:00 часот, матичниот доктор Ацо Трповски беше пронајден мртов со девет убодни рани на паркингот пред Поликлиниката Железара. Го нашле неговите синови кои почнале да го бараат откако не се вратил дома во предвиденото време. 

Популарно