Сопругата на Камчев платила 350 илјади евра за подобра положба на нејзиниот сопруг

Во  дешното рочиште на судењето за случајот „Рекет“, сведочеше сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, таа рече дека 350 илјади евра за рекет за подобра положба на нејзиниот сопруг, ги извадиле од фирмите што ги имаат, а ги донела лично во несесер нејзината свекрва, Ратка Камчева.„Потоа ме зема со кола Зоран Милевски и се упативме во станот на Бојан Јовановски во населбата Орман. Катица седеше во дневната соба. Се поздравивме со госпоѓата Катица Јанева и разговаравме за децата. Јас и реков како ми е мене со децата и како поминувам, а таа ми рече: Да не беше Бојан Јовановски, син ми ќе работеше на брод. Ние ги дадовме 500 илјади евра“, рече Камчева во сведочењето

Таа кажа дека Јанева и ; спомнала дека за гаранцијата од 14 милиони евра може кривично да ги гони неа и проценителот, зашто дел од имотот бил под кирија. „Катица Јанева ми напомна дека ако овој разговор излезе од домот на Бојан Јовановски, ќе знае дека е од мене, бидејќи имаше доверба во нив. Рече дека може не само еден, туку многу предмети да му отвори на Камчев. Се закануваше со нејзината моќ. Се плашев од моќта на Јанева. Но, не е таа што ја има моќта;, сведочеше Камчева. Сепак, вели таа, конците в рака ги држел Бојан Јовановски.„Тој беше специјален јавен обвинител. Тој знаеше се. Кој ќе биде притворен следен, и се што кажуваше, така се случуваше“, додаде таа

Почина познатиот македонски моторџија

На 48 годишна возраст почина познатиот македонски моторџија Тони Шипка, соопшти неговиот клуб LOWLANDERS MC MACEDONIA на социјалните мрежи.

– Почина Тони Шипка, човек кој имаше големо срце и беше голем другар. Тони беше член на LOWLANDERS MC MACEDONIA. Сочувство до семејството и клубот, до неговите пријатели и блиски. Ќе ни фалиш Тони! Почивај во Мир, стои во објавата.

Погребот ќе се одржи утре на гробиштата во Ѓорче Петров.

Украле цел сеф со пари од менувачница во Чаир

Вчера до СВР Скопје стигнала пријава дека непознати лица влегле во менувачница во Чаир и одзеле сеф кој бил полн со пари. Возилото со кое е извршена кражбата е пронајдено подоцна на паркинг исто на територијата на Чаир.

„На 17.04.2024 во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки. По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“.

Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани

Педесет и деветгодишниот Усеин Р. од Кочани, кој во септември лани ѝ нанесе десетици убодни рани од нож на 46-годишната Танкица Младеновска од Кочани и ја уби, денеска е осуден на казна доживотен затвор. Тој се сомничеше дека на 25 септември лани, на свиреп начин ја лиши од живот Танкица, нанесувајќи ѝ многубројни убоди со нож. Таа почина на местото на настанот.

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело – Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна – доживотен затвор.

Во обвинението, Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело – Уцена кон истата оштетена, сторено пред убиството. Меѓутоа тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка.

Платформата за родова еднаквост лани реагираше до Јавното обвинителство со барање ова убиство да биде квалификувано како фемицид при вршење на родово базирано насилство истакнувајќи дека институциите не го препознаваат родово базираното насилство, и овој случај го водат како убиство на свиреп начин.

-Случајот на фемицид, најтешкиот вид на родово базирано насилство, кога во Кочани жена беше избодена до смрт, иако претходно го пријавувала сторителот за уцена и барала заштита, Основното јавно обвинителство Кочани го квалификуваше како убиство на свиреп начин, со што се потврдува фактот дека институциите сѐ уште не го препознаваат родово базираното насилство. Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело –Убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик, реагираа оттаму.

Популарно