Видео: Премиерно гледајте го „Медена земја“, прикачен на YouTube во целосна верзија

И официјално македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов доби две номинации за наградата „Оскар“ на Американската академија за филмска уметност – за документарен филм и за филм од неанглиско говорно подрачје.

И официјално македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов доби две номинации за наградата „Оскар“ на Американската академија за филмска уметност – за документарен филм и за филм од неанглиско говорно подрачје.

„Медена земја“ (Honeyland) е прв македонски филм што успеал да биде номиниран во две категории на најпрестижните филмски награди во светот.

Единствен македонски филм кој добил номинација за „Оскар“ е „Пред дождот“ на Милчо Манчевски во 1995 година во категоријата филм од неанглиско говорно подрачје. Во 1980 како југословенски кандидат номинација за „Оскар“ тогаш доби документарец „Дае“ на Столе Попов.

„Медена земја“ лани победи на американскиот фестивал „Санденс“ и оттогаш филмот имаше неверојатно патување. Следеше импресивна година со освоени голем број награди, номинaција за европски Оскар и блескави критики од најреномираните филмски критичари и медиуми.

„Медена земја“ минатата недела ја доби наградата за најдобар документарец која ја доделува најпрестижното американско здружение на критичари, Друштвото на филмски критичари во Њујорк. Котевска и Стефанов се номинирани за најдобра режија од Друштвото на режисери во Америка (ДГА). Изминативе неколку денови филмот ја доби наградата за најдобар документарец на Националното друштво на филмски критичари и на Друштвото на филмски критичари во Њујорк, а кинематограферите Самир Љума и Фејми Даут ја добија наградата Филмско око за исклучителни достигнувања во кинематографијата.

Годинава доделување на наградата „Оскар“ е закажано на 9 февруари во театарот Долби во Холивуд. Втора година по ред, церемонијата на доделување Оскари нема да има водител.

„Медена земја“ е филм за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата 85-годишна полуслепа мајка во централна Македонија, во селото Бекирлија, југозападно од Овче Поле. Атиџе ги почитува правилата на природата и половина од медот кој го произведуваат пчелите го зема за себе и го продава во Скопје, на пазарите, а половина им остава на пчелите. Со парите кои ќе ги заработи ја прехранува мајка си. Двете живеат во една стара, трошна куќа, без струја и вода. И тоа одлично функционира се додека не дојде едно семејство номади и сточари во селото. Деветчленото семејство мора да се прехрани и таткото Хусеин решава да одгледува пчели исто како и Атиџе, сметајќи на брза и лесна заработка. Притиснат од гладните усти на седумте деца потклекнува на притисокот на препродавачот кој го форсира да го продаде сиот мед што ќе го произведе. Хусеин не ги следи препораките на Атиџе, ниту пак го слуша мислењето на еден од синовите кој му вели дека мора да остави мед за пчелите, ако сака тие да произведат повеќе. /република

Наидовме на линк кој Ви го претставуваме премиерно каде филмот е прикачен во full верзија, уживајте:

Вечерва се доделуваат Оскарите, еве кој има најмногу номинации

Вечерва Американската академија за филмски уметности и науки ќе ги додели Оскарите на 96-тата церемонија што ќе се одржи во театарот Долби во Лос Анџелес.

За време на Оскаровската вечер на сцената ќе се појават голем број познати влијателни имиња од светот на филмот, а меѓу нив овој март ќе бидат Брендан Фрејзер, Мишел Јео, Ке Хуи Кван и Џејми Ли Кертис.

Најавени ко-домаќини се Махершала Али, Николас Кејџ, Метју Меконахи, Лупита Нионго, Ал Пачино, Мишел Фајфер, Сем Роквел, Зендаја, Крис Хемсворт, Двејн Џонсон, Мајкл Китон, Реџина Кинг, Џенифер Лоренс, Кејт Ри Моренон , Џон Мулејни, Кетрин О’Хара, Октавија Спенсер, Реми Јусеф, Емили Блант, Синтија Ериво, Америка Ферера, Сали Филд, Рајан Гослинг, Аријана Гранде, Бен Кингсли, Мелиса Мекарти, Иса Реј, Тим Робинс, Стивен Спилрон, Форест Витакер…

Најголем број номинации:

„Опенхајмер“ – 13 номинации

„Сиромашни работи“ – 11 номинации

„Убијци на цветната месечина“ – 10 номинации

“Барби” – осум номинации

Номинации за најдобар филм:

„Американска фикција“

„Анатомија на еден пад“

“Барби”

„Додржувачите“

„Убијци на цветната месечина“

„Маестро“

„Опенхајмер“

„Минатите животи“

„Сиромашните работи“

„Зона на интерес“

Номинации за најдобар режисер:

Џастин Трит – „Анатомија на падот“

Мартин Скорсезе – „Убијци на цветната месечина“

Кристофер Нолан – „Опенхајмер“

Јоргос Лантимос – „Сиромашните работи“

Џонатан Глејзер – „Зона на интерес“

Номинации за најдобар актер:

Бредли Купер

Колман Доминго

Пол Џамати

Килијан Марфи

Џефри Рајт

Номинации за најдобра актерка:

Анет Бенинг

Лили Гладстон

Сандра Илер

Кери Малиган

Ема Стоун

Номинации за најдобра споредна машка улога:

Стерлинг К. Браун

Роберт де Ниро

Роберт Дауни Џуниор

Рајан Гослинг

Марк Руфало

Номинации за најдобра споредна женска улога:

Емили Блант

Даниел Брукс

Америка Ферера

Џоди Фостер (Џоди)

Да’Вајн Џој Рендолф

Номинации за најдобар странски филм:

„Друштво на снегот“ – Шпанија

„Зона на интерес“ – Велика Британија

„Салон на наставниците“ – Германија

„Јо Капитано“ – Италија

„Совршени денови“ – Јапонија

Џенифер Гарнер во нова семејна комедија

Џенифер Гарнер и Ед Хелмс глумат во новата божиќна комедија „Family Switch“. Филмот пристигнува на 30 ноември, а официјалниот трејлер објавен на Јутјуб има речиси три милиони прегледи.

Приказната е заснована на детската книга „Време за спиење за мама“ (Bedtime for Mommy) од Ејми Круз Розентал, од 2010 година. Се раскажува за семејството Вокер каде што се случува хаос неколку дена пред Божиќ, кога „ретка вселенска појава“ ги заменува душите во телата на родителите и децата - тинејџери, а во куќата има и куче...

Филмот е режиран од Џозеф Мекгинти Никол, попознат како „Мекги“, според сценарио на Адам Штикирлс и Викторија Строус. Во филмот играат и Ема Мајерс, Брејди Ноун, Матијас Швејфер и Рита Морено.

(Видео) Објавен трејлерот за филмот за Џеј Рамадановски

Објавен е првиот трејлер за филмот „Недела“ кој ја следи животната приказна на легендарниот изведувач на народна музика Џеј Рамадановски, кој почина на 6 декември 2020 година од срцев удар.

Инспириран од вистински настани, филмот ја раскажува приказната за Џеј од неговата најрана младост до големиот успех што го постигнал.

Иако немал лесно детство, кое во најголем дел го поминал на улица или во поправен дом, Џеј успеал да го заземе своето место на музичката сцена и преку своите песни да стане дел од животот на многумина.

Откако на крајот на 2021 година беше најавено дека ќе се снима филм за легендата на народната музика, српските медиуми објавија дека главната улога ќе ја има Хусеин Алијевиќ од поранешната група „Бит стрит“.

Популарно