Деветмина загинаа во хеликоптерот на Коби Брајант, меѓу кои и две деца

Хеликоптерската несреќа во која вчера загина легендарниот поранешен кошаркар во НБА, Коби Брајант, се прими со шок и неверување во САД. Приватниот хеликоптер на Брајант се урна вчера пред 10 часот локално време во Калабасас, околу 50 километри северозападно од Лос Анџелес, Калифорнија. Според последните податоци, во леталото се наоѓале вкупно девет лица, кои загинале, соопшти полицијата од Лос Анџелес.

Брајант и сопатниците патувале на младински кошаркарски турнир. Помеѓу нив биле и ќерката на Брајант, Џијана, бејзбол тренерот Џон Алтобели, неговата сопруга Кери и нивната ќерка Алиса, која играла во ист тим со Џијана.

Коментаторите во САД веќе ја окарактеризираа трагичната несреќа како национална трагедија која ќе остане запаметена како и атентатот врз претседателот Џон Ф. Кенеди или терористичките напади на 9 септември 2001 година.

Во текот на целиот вчерашен ден и вечерни часови, фановите и обожавателите започнаа да се собираат во „Стејплс“ арената во Лос Анѓелес во почит на великиот кошаркар. Арената е местото каде Брајант доби најголем број свои НБА титули, играјќи за Лос Анџелес Лејкерс.

Откако информацијата за трагедија се прошири по медиумите, река од пораки на сочувство во чест на Брајант протече низ цела Америка. Тажниот настан го затекна почетокот на церемонијата за доделување на музичките награди „Греми“, и во импровизиран настап, пејачката Алишија Кис изјави дека во „милион години не би можеле да смислиме дека почетокот на Греми ќе се одбележи со оваа „срцепарателна“ вест.

Потоа на сцената свои пораки во почит на Брајант искажаа Лизо, Кени Вест и Тејлор Свифт, меѓудругите

Во текот на НБА мечот меѓу Денвер Нагетс и Хјустон Рокетс синоќа публиката и кошаркарите на теренот застанаа и оддадоа почит за загинатиот кошаркар со минута молчење.

– Почитувани, трагедија го снајде светот на кошарката, загина Коби Брајант, најави водителот во салата, на големите екрани проследено со ликот и бројот на дресот на кошаркарот – 24.

Минута молчење беше забележана и на митинг на поранешниот потпретседател Џо Бајден во Ајова. Во почит на Брајант пораки со сочувство напишаа некои од тркачите во трката за претседателските кандидати како Елизабет Ворен.

Пораки со сочувство пратија и претседателот Доналд Трамп, како и неговиот претходник Барак Обама, кој беше близок со Брајант.

– Коби беше легенда на теренот и штотуку го започна вториот том од својот живот, полн со значење како и првиот. Загубата на Џијана е уште потрогателна за нас како родители. Мишел и јас праќаме љубов и се молиме за Ванеса и за целото семејство Брајант на овој незамислив ден, напиша Обама.

Брајант е роден во Филаделфија во 1978 година, а пред да замине за Лос Анџелес, добар дел од своето детство го поминал во Реџио Емилија, мало гратче во северниот дел на Италија, каде неговиот татко, Џо Брајант, играл кошаркара пет сезони.

– Коби Брајант порасна овде и за сите нас беше Реџијано. Денеска тој не остави, легенда на кошарката која целиот град засекогаш ќе го памети со љубов и почит. Чао Коби, Лука Веки, градоначалник на градот напиша на Фејсбук.

Денеска, на местото на несреќата, тим од 18 лица на Националната служба за безбедност на транспортот (НТСБ), бараа докази и ја пребарува црната кутија од хеликоптерот.

Неофицијално, се дознава дека причина за несреќата била намалена видливост и магла со превисока влажност на воздухот, а по ударот се случил силен пожар. Полицијата во Лос Анџелес вчера потврди дека поради магла и намалена видливост ги приземјила своите хеликоптери во текот на раните утрински часови до попладнето. Оттаму информираа дека тоа се случува кога видливоста е минимум до три километри а растојанието помеѓу облачниот масив и теренот е 243 метри. МИА

Видео: Страшни поплави во Дубаи, поплавени аеродромот и автопатите

Застрашувачки видеа се шират на социјалните мрежи откако силно невреме, проследено со пороен дожд денеска го зафати Дубаи. Поради дождот поплавена е аеродромската писта, а авионите едвај се движат по неа.

Одложени или откажани беа бројни летови, а властите испратија цистерни на улиците и автопатите за да ја испумпуваат водата.

-Операциите на меѓународниот аеродром во Дубаи во вторникот беа прекинати на 25 минути поради силно невреме, се вели во соопштението на аеродромот, пренесе Ројтерс.

Имено, заклучно со 12:02 часот утринава откажани се вкупно 21 појдовен и 24 дојдовни летови, а три лета се пренасочени кон други соседни аеродроми, изјави за Gulf News портпаролот на Дубаи.

Фон дер Лајен го осуди иранскиот напад врз Израел

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го осуди воздушниот напад на Иран врз Израел.

Во објава на мрежата Х утринава, Фон дер Лајен го повика официјален Техеран веднаш да ги прекине воздушните напади.

„Силно го осудувам бесрамниот и неоправдан напад на Иран врз Израел и го повикувам официјален Техеран и неговите претставници веднаш да ги прекинат овие напади“, порача Фон дер Лејен.

Крвав пир во Сиднеј во трговски центар, маж избоде до смрт шест луѓе

Маж со нож убил шест, а ранил уште осум лица, меѓу кои и деветмесечно бебе, во трговски центар во Сиднеј, пред полицијата да го застрела и да го спречи во неговиот крвав поход.

Меѓу избодените има и деветмесечно бебе, чија мајка исто така била прободена од напаѓачот по што таа во болница им подлегнала на повредите. Напаѓот бил убиен од полицајка која сама пристигнала на местото на настанот и го лоцирала напаѓачот.

Полицијата потврди дека напаѓот убил четири жени во шопинг центарот и еден маж, додека една жена починал од здобиените повреди во болница.

Меѓу осумте повредени кои се пренесени во болниците во Сиднеј, е и деветмесечното бебе врз кое бил направен оперативен зафат во обид да му се спаси животот.

Очевидците на настанот сведочат за ужасот кој се случува во шопинг молот, но и за моментот кога полицијата успеала да го запре напаѓаќот да продолжи со масакрот.

СЕ ВРАЌАВ ДОМА ОД РОБОТА И САМО ШТО СВРТЕВ НА АГОЛОТ И ВИДОВ ЧОВЕК ВО ЖОЛТО-ЗЕЛЕНА МАИЧКА КАКО ОДИ ВО ИСТИОТ ПРАВЕЦ. НО НАЕДНАШ ТОЈ ТРГНА ВО ДРУГ ПРАВЕ И СЛУШНАВ ЛУЃЕ КАКО ВИКААТ, ВРЕСКААТ И ТРЧААТ. СИ РЕКОВ, ВО РЕД, ТОЈ МОРА ДА ИМА НЕШТО ШТО СЕ СЛУЧУВА. ТОГАШ ЈА ВИДОВ ПОЛИЦАЈКАТА И СИ РЕКОВ ЌЕ ЈА СЛЕДАМ. ЈА СЛЕДЕВ ЦЕЛО ВРЕМЕ И САМО ШТО СВРТЕВМЕ ЗАД АГОЛОТ, БИДЕЈЌИ ГИ ВИДОВ КАКО ДОАЃААТ ОД ТАМУ, ТОЈ БЕШЕ ТАМУ. И ТРГНА КОН НАС. И СЕ СШТО СЛУЧНАВ БЕШЕ „СПУШТИ ГО“ И ТОГАШ ГО ЗАСТРЕЛА. ДА НЕ ГО ЗАСТЕЛАШЕ ТОЈ ЌЕ ПРОДОЛЖЕШЕ ДА ОДИ. ТОЈ БЕШЕ ВО ПОХОД. ТОЈ БЕШЕ ВО КРВАВ ПОХОД. ТАА ТОГАШ МУ ПРИЈДЕ И СЕ ОБИДЕ ДА ГО ОЖИВЕЕ. ТОЈ ИМАШЕ ГОЛЕМ НОЖ СО СЕБЕ. ТАА ГО ОТТУРНА НОЖОТ ПОНАСТРАНА, ИЗЈАВИ ОЧЕВИДЕЦ НА НАСТАНОТ.

Тие сведочат и за хорор кој се случувал во шопинг молот.

ИЗГЛЕДАШЕ КАКО ТОЈ ДА Е ВО УБИСТВЕНА ТРЕСКА, БИДЕЈЌИ КОГА СЕ СИМНАВМЕ ДОЛУ ПО СКАЛИТЕ ИМАШЕ ДВЕ ДРУГИ ТЕЛА ВО БЛИЗИНА НА ПРОДАВНИЦА ЗА СВАДБИ, ИЗГЛЕДАА КАКО, МОРА ДА БЕА ПРОБОДЕНИ. ЕДНОТО ИЗГЛЕДАШЕ ДЕКА Е ЖЕНА, А ВТОРОТО МАЖ. ДРУГИ ИМАШЕ ВО ПРОДАВНИЦАТА, РЕЧЕ ДРУГ.

Осомничениот нападот го извршил во „Вестфилд шопинг центарот“ во источното предградие на Сиднеј, Бонди Џанкшн и според помошник полицискиот комесар на Ноџ Јужен Велс, Ентони Кук, се верува дека тој дејствувал сам. Полицијата, засега, тврди дека не го знае идентитетот на напаѓачот. Според Кук, на местото на масакрот немало ништо што би упатувало на некаков мотив или идеологија за нападот, но од полицијата не ја отфрлаат можноста и за терористички напад.

По нападот на јавноста и обрати и премиерот на Автралија, Антони Албанез, според кого за разорните сцени од Бонди Џанкшн нема зборови и разбирање.

ОВА БЕШЕ УЖАСЕН ЧИН НА НАСИЛСТВО, НЕСЕЛЕКТИВНО НАСОЧЕНИ КОН НЕВИНИ ЛУЃЕ КОИ ОДАТ ВО ШОПИНГ ВО ОБИЧНА САБОТА. ВЕЧЕРВА, СИТЕ МИСЛИ НА СИТЕ АВСТРАЛИЈЦИ СЕ СО ЖРТВИТЕ НА ОВОЈ УЖАСЕН ЧИН И НИВНИТЕ НАЈБЛИСКИ, СЕ ОБРАТИ ПРЕМИЕРОТ НА АВТРАЛИЈА, АНТОНИ АЛБАНЕЗ.

На видеата на очевидците кои се споделуваат на социјланите мрежи може да се види телото на убиецот како лежи во локва крв додека лекарските кипи од брзата помош се обидуваат да им помогнат на жртвите кои лежат по подот на шопинг молот.

Популарно