Рибата подготвена на овој начин има посебен вкус.
СОСТОЈКИ:
800 гр свежа бела риба (ослич)
1 веза магдонос
1 веза копар
масло
сол
бибер
1 лимон
2 лажички зачин
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Рибата исчистете ја, измијте ја и исечкајте на парчиња. Посолете, побиберете, прокапете лимон и посипете со зачин. Ставете ги на фолија која сте ја премачкале со маслиново масло.
Од горе обилно посипете со сечкан магдонос и копар, а на секое парче риба ставете парче лимон.
Замотајте во фолија, ставете во плех и околу половина час печете во рерна загреана на 200 степени.
Послужете со варен компир или друг зеленчук по избор.
Извор: Готви.мк