Како се станува старлета: Од дом за сираци до скапа старлета

Старлетата Сораја Вучелиќ, рано останала без мајка, растела во Домот за незгрижени деца, а подоцна била префрлена во старателско семејство. Дури подоцна во текот на животот воспоставила комуникација со таткото.

Се родила во Книн во 1986 година, а нејзината мајка Анка родителите ја исфрлиле од куќата кога дознале дека е бремена зошто не се согласувале со нејзиниот избор. Иако прво се преселиле во Бар, Анка немала од што да ја издржува ќерката, па ја дала на семејство во Војводина. Поради далечината, средбите на мајката и ќерката не биле возможни, па така Анка после неколку месеци Сораја ја сместила во Дом за незгрижени деца. Додека престојувала таму, била вистински мал бунтовник и знаела да се избори со проблематичните момчиња, речиси и им парирала, и никој не смеел да ја закача. Имала, своја мала „банда“ и тинејџерите ја почитувале.

Подоцна Анка и Сораја успеале да воспостават добар однос со семејството на Анка, но мајката се разболела и починала кога Сораја имала само 17 години. Старлетата после тоа одлучила да се отсели во Белград и да се избори за себе.

Првпат се појави во „Големиот брат“ во 2011 година, а тоа го искористи за својата натамошна кариера.

Додека престојуваше во реалното шоу, за разлика од останатите учесници, кои како контакти оставаа телефонски броеви од членовите на своето семејство, Сораја бидејќи нема мајка, а таткото не сакаше да го експонира, остави телефонски број со својата тогашна најдобра пријателка која ја потврди нејзината приказна.

Се зборува дека Сораја до сега имала повеќе од 8 естетски зафати, а првиот го направила во 2010 година кога ги зголеми градите.

Денеска, таа е студент на психологија, но со оглед на тоа дека моментално не може да се врати во Србија, прашање е дали и како ќе го заврши факултетот.

Дневен хороскоп

Овен

Овни, имате јасни цели и способни сте да ги постигнете, што ќе ви донесе напредок на работа. Можни се романтични средби, бидете отворени за нови познанства. Енергијата ви е на врвот, затоа искористете го денот за физички активности.

Бик

Фокусирајте се на долгорочни проекти и бидете упорни во остварувањето на целите. Трпението ќе ви биде наградено, особено во стабилните врски. Внимавајте на исхраната и редовно вежбајте за да ја одржите виталноста.

Близнаци

Бидете флексибилни и подготвени за промени, може да се појават нови деловни можности. Комуникацијата е клучна за успехот во љубовта, отворено изразете ги своите емоции. Менталната стимулација е клучна, започнете ново хоби или научете нешто ново.

Рак

Ракови, стабилноста на работа е важна, бидете организирани и ефикасни. Семејните односи се во фокусот, обрнете внимание на најблиските. Емоционалната состојба може да влијае на здравјето, потребно е да се одржува рамнотежа.

Лав

Креативноста ќе ви помогне да се истакнете, да бидете храбри во искажувањето на вашите идеи. Изразете ја својата страст и љубов кон партнерот, бидете романтични. Физичката активност ќе ви донесе добро расположение и енергија.

Девица

Вашите аналитички вештини ќе бидат клучни за решавање на деловните проблеми, бидете ефикасни. Поврзете се со вашиот партнер преку разговор и заеднички интереси. Внимавајте на деталите во секојдневните активности за подобро здравје.

Вага

Ваги, соработката со колегите ќе ви донесе успех, бидете отворени за тимска работа. Важна е хармонијата во врските, работете на мирно решавање на конфликтите. Урамнотежете ги вашите обврски за да избегнете стрес и да одржувате добро здравје.

Скорпија

Вашата упорност ќе биде наградена, бидете упорни во остварувањето на деловните цели. Можни се интензивни емоции, бидете искрени и отворени со партнерот. Фокусирајте се на емоционалното заздравување и ослободување од негативните емоции.

Стрелец

Бидете иновативни и подготвени за нови предизвици, искористете ја вашата креативност. Отворено комуницирајте со партнерот и избегнувајте конфликти. Активностите на отворено ќе ви донесат ментална и физичка ревитализација.

Јарец

Јарци, работете на градење авторитет и зголемување на продуктивноста на работа. Поставете јасни граници во односите за да ја зачувате хармонијата. Организирајте го вашето време и дадете приоритет на одморот за да ја зачувате виталноста.

Водолија

Иновативните идеи ќе ви донесат успех, бидете храбри во експериментирањето. Изразете ја вашата оригиналност и неконвенционалност во вашиот љубовен живот. Одржувајте ментална јасност преку медитација или релаксирачки активности.

Риби

Креативноста ќе ви донесе успех, ќе бидете инспирирани и поврзани со вашите таленти. Емоционалното поврзување со партнерот е клучно, бидете интуитивни во односите. Чувствителноста може да биде изразена, затоа посветете се на релаксација и одмор.

На Хари Стајлс му испратила 8.000 писма, но тоа не е сè: Опседната обожавателка заврши во затвор

Бразилката Мира Карваљо (35) е толку опседната со британскиот пејач, Хари Стајлс (поранешен член на групата „One Direction“) што го оставила партнерот дома и го пропатувала целиот пат до Лондон.

-Но, тоа не е сè. Мира му испраќала на Хари писма, свадбени честитки, а бидејќи за само еден месец испратила дури повеќе од 8.000 писма, Бразилката завршила во затвор, пишува „The Sun“.

Таа е осудена на 14 недели затвор и се изјаснила за виновна за следење.

-Хари беше навистина потресен. Тој само сака да продолжи нормално, но секако дека е загрижувачки за него, неговото семејство и неговиот тим, изјави извор близок до Стајлс.

Таа доби забрана да се приближува до Стајлс дури 10 години и да присуствува на кој било настан, односно концерт, каде што е тој.

Да потсетиме, фановите на споменатата група некогаш беа познати по претерувањето кое се граничело со демнење, па еднаш ги хакираа и безбедносните камери на лондонскиот аеродром за да ги видат своите идоли.

Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти

Танчерки во бели „пачка“ фустанчиња се собраа вчера во њујоршкиот хотел „Плаза“ за да го соборат светскиот рекорд во танцување на прстите.

Меѓу танчерките имаше девојчиња на возраст од девет до 19 години кои се натпреваруваат за стипендии, но и професионални танчерки. На музика од Петар И. Чајковски, балерините се префрлаа од едната нога на другата и обратно - на прсти и со поголема брзина. Тоа движење се нарекува „бурè“ на француски и девојките го правеа тоа цела минута.

Тина Ши, претставничка од „Гинисовата книга на рекорди“, го објави резултатот: „Имаше 353 девојки, тоа е нов Гинисов рекорд. Честитам!“.

Претставата е организирана од американската младинска програма за стипендии за балет „Јут Америка гранд при“, којашто ја прославува својата 25-годишнина со три вечерни изведби во „Линколн центарот“ за изведувачка уметност. 

Популарно