МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО- ИТАЛИЈАНСКИОТ ДРЖАВЈАНИН НЕ Е ЗАРАЗЕН ОД КОРОНА ВИРУС

Италијанскиот државјанин, кој ноќеска беше примен на Инфективната клиника во Скопје, е тестиран и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство. Тој пристигнал од Милано во Скопје со попладневниот лет на „Визер“ и откако се сместил, отишол да се пријави на Инфективна клиника оти имал стомачни тегоби.

Како што претходно соопштија од Министерството за здравство, пациентот бил ставен во изолација и кај него се направени тестови согласно утврдениот протокол. Тој поминал низ термалната камера на Скопскиот аеродром, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. Првите симптоми ги почувствувал откако се сместил, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22:00 часот

Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија

Претставниците на партијата „Има таков народ“ (ИТН) денеска на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада, што тој им го врачи, со што се отвора патот за закажување на вонредни парламентарни избори.

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

Претседателот Радев сега мора да одреди датум за предвремени парламентарни избори, откако три мандати за формирање влада му беа вратени.

Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот

Хрватскиот државен инспекторат ги повлече од пазарот наполитанките „Нестле Кит Кат мини“ поради присуство на минерални масла, соопшти Агенцијата за земјоделство и храна.

Се повлекува исклучиво „Несле Кит Кат Мини“ 200 г во кесичка серија 40580734, со рок на траење од 01.2025 година, пренесува Дневник.хр.

Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а дистрибутер за Хрватска е Nestle Adriatic д.о.о. од Загреб.

Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април

Вработените во здравството нема да добијат усогласување на платите со порастот на минималната плата поради непотпишувањето на анексот на колективниот договор. Поради тоа на 8 април најавуваат протест што ќе почне од пред зградата на Сојузот на синдикати на Македонија, а ќе заврши пред Министерството за здравство.

- Протестот ќе биде токму во насока на изразување незадоволство од непотпишувањето на анексот на колективниот договор којшто веќе беше завршена работа, но поради политичките игри остана непотпишан и со тоа повеќе од 20 илјади работници во здравството остануваат без усогласувањето на нивните плати со порастот на минималната плата, соопшти денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов. 

Според информациите на ССМ, освен вработените во здравството, усогласување на платите ќе нема и во образованието и во Министерството за внатрешни работи.

- Усогласување со порастот на минималната плата ќе нема и во образованието поради непотпишување на колективниот договор. Според моите сознанија, и вработените во Министерството за внатрешни работи нема да добијат усогласување на палтите, меѓутоа управата на локално ниво, правосудството, Правобранителството, јавнообвинителската служба, судската служба и.т.н. ќе добијат усогласување имајќи предвид дека Синдикатот на УПОЗ потпиша низа колективни договори каде ова право е утврдено меѓутоа и законските решенија, кои се обидуваа на мала врата да ги сменат пред објавата на висината на минималната плата, го овозможуваат тоа, истакна Трендафилов. 

Популарно