Можна е повторна инфекција со коронавирусот дури и кај оние пациенти кои развиле имунитет кон вирусот

Повторна инфекција со коронавирусот е можна дури и кај оние пациенти кои развиле имунитет кон вирусот, тврдат руски лекари кои лекувале лица заболени од „ковид-19“.

Евгениј Шијато, шеф на работната група за спречување на коронавирусот во Санкт Петербург, тврди дека податоците што им се на располагање укажуваат дека инфекцијата со вирусот е можна дури и откако лицето веќе било заразено, пренесува ТАСС.

Шијато изјави дека денес е познато дека се потребни меѓу 100 и 120 дена за да се добие имунитет на вирусот, што значи дека теоретски постои можност за повторна инфекција во овој период.

Дури и кога некое лице го има прележано вирусот и има високо ниво на антитела, тоа не значи дека тој секогаш ќе биде заштитен од повторна инфекција, посочи овој руски лекар.

Јаков Накатис од Клиничката болница „Соколов“ бр. 122, во која се лекуваат пациенти со „ковид-19“, смета дека имунитетот на коронавирус може да биде сличен на имунитетот на грипот, од кој вакцината не заштитува секогаш. Накатис истакна дека степенот на имунитет не зависи од сериозноста на симптомите на болеста и дека зависи само од среќа дали некое лице повторно ќе се зарази или не.

Слично мислење има и Сергеј Петров од Градската болница „Свети Елизабета“ во Санкт Петербург, кој смета дека можна повторна инфекција и дека коронавирусот, како и секој друг вирус, може лесно да мутира, и тогаш стекнатиот имунитет веќе не би обезбедил заштита.

Во Русија, 362.342 лица се заразени со коронавирусот од почетокот на епидемијата, закрепнати се 131.129 пациенти, додека 3.807 починале.

Видео: Страшни поплави во Дубаи, поплавени аеродромот и автопатите

Застрашувачки видеа се шират на социјалните мрежи откако силно невреме, проследено со пороен дожд денеска го зафати Дубаи. Поради дождот поплавена е аеродромската писта, а авионите едвај се движат по неа.

Одложени или откажани беа бројни летови, а властите испратија цистерни на улиците и автопатите за да ја испумпуваат водата.

-Операциите на меѓународниот аеродром во Дубаи во вторникот беа прекинати на 25 минути поради силно невреме, се вели во соопштението на аеродромот, пренесе Ројтерс.

Имено, заклучно со 12:02 часот утринава откажани се вкупно 21 појдовен и 24 дојдовни летови, а три лета се пренасочени кон други соседни аеродроми, изјави за Gulf News портпаролот на Дубаи.

Фон дер Лајен го осуди иранскиот напад врз Израел

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го осуди воздушниот напад на Иран врз Израел.

Во објава на мрежата Х утринава, Фон дер Лајен го повика официјален Техеран веднаш да ги прекине воздушните напади.

„Силно го осудувам бесрамниот и неоправдан напад на Иран врз Израел и го повикувам официјален Техеран и неговите претставници веднаш да ги прекинат овие напади“, порача Фон дер Лејен.

Крвав пир во Сиднеј во трговски центар, маж избоде до смрт шест луѓе

Маж со нож убил шест, а ранил уште осум лица, меѓу кои и деветмесечно бебе, во трговски центар во Сиднеј, пред полицијата да го застрела и да го спречи во неговиот крвав поход.

Меѓу избодените има и деветмесечно бебе, чија мајка исто така била прободена од напаѓачот по што таа во болница им подлегнала на повредите. Напаѓот бил убиен од полицајка која сама пристигнала на местото на настанот и го лоцирала напаѓачот.

Полицијата потврди дека напаѓот убил четири жени во шопинг центарот и еден маж, додека една жена починал од здобиените повреди во болница.

Меѓу осумте повредени кои се пренесени во болниците во Сиднеј, е и деветмесечното бебе врз кое бил направен оперативен зафат во обид да му се спаси животот.

Очевидците на настанот сведочат за ужасот кој се случува во шопинг молот, но и за моментот кога полицијата успеала да го запре напаѓаќот да продолжи со масакрот.

СЕ ВРАЌАВ ДОМА ОД РОБОТА И САМО ШТО СВРТЕВ НА АГОЛОТ И ВИДОВ ЧОВЕК ВО ЖОЛТО-ЗЕЛЕНА МАИЧКА КАКО ОДИ ВО ИСТИОТ ПРАВЕЦ. НО НАЕДНАШ ТОЈ ТРГНА ВО ДРУГ ПРАВЕ И СЛУШНАВ ЛУЃЕ КАКО ВИКААТ, ВРЕСКААТ И ТРЧААТ. СИ РЕКОВ, ВО РЕД, ТОЈ МОРА ДА ИМА НЕШТО ШТО СЕ СЛУЧУВА. ТОГАШ ЈА ВИДОВ ПОЛИЦАЈКАТА И СИ РЕКОВ ЌЕ ЈА СЛЕДАМ. ЈА СЛЕДЕВ ЦЕЛО ВРЕМЕ И САМО ШТО СВРТЕВМЕ ЗАД АГОЛОТ, БИДЕЈЌИ ГИ ВИДОВ КАКО ДОАЃААТ ОД ТАМУ, ТОЈ БЕШЕ ТАМУ. И ТРГНА КОН НАС. И СЕ СШТО СЛУЧНАВ БЕШЕ „СПУШТИ ГО“ И ТОГАШ ГО ЗАСТРЕЛА. ДА НЕ ГО ЗАСТЕЛАШЕ ТОЈ ЌЕ ПРОДОЛЖЕШЕ ДА ОДИ. ТОЈ БЕШЕ ВО ПОХОД. ТОЈ БЕШЕ ВО КРВАВ ПОХОД. ТАА ТОГАШ МУ ПРИЈДЕ И СЕ ОБИДЕ ДА ГО ОЖИВЕЕ. ТОЈ ИМАШЕ ГОЛЕМ НОЖ СО СЕБЕ. ТАА ГО ОТТУРНА НОЖОТ ПОНАСТРАНА, ИЗЈАВИ ОЧЕВИДЕЦ НА НАСТАНОТ.

Тие сведочат и за хорор кој се случувал во шопинг молот.

ИЗГЛЕДАШЕ КАКО ТОЈ ДА Е ВО УБИСТВЕНА ТРЕСКА, БИДЕЈЌИ КОГА СЕ СИМНАВМЕ ДОЛУ ПО СКАЛИТЕ ИМАШЕ ДВЕ ДРУГИ ТЕЛА ВО БЛИЗИНА НА ПРОДАВНИЦА ЗА СВАДБИ, ИЗГЛЕДАА КАКО, МОРА ДА БЕА ПРОБОДЕНИ. ЕДНОТО ИЗГЛЕДАШЕ ДЕКА Е ЖЕНА, А ВТОРОТО МАЖ. ДРУГИ ИМАШЕ ВО ПРОДАВНИЦАТА, РЕЧЕ ДРУГ.

Осомничениот нападот го извршил во „Вестфилд шопинг центарот“ во источното предградие на Сиднеј, Бонди Џанкшн и според помошник полицискиот комесар на Ноџ Јужен Велс, Ентони Кук, се верува дека тој дејствувал сам. Полицијата, засега, тврди дека не го знае идентитетот на напаѓачот. Според Кук, на местото на масакрот немало ништо што би упатувало на некаков мотив или идеологија за нападот, но од полицијата не ја отфрлаат можноста и за терористички напад.

По нападот на јавноста и обрати и премиерот на Автралија, Антони Албанез, според кого за разорните сцени од Бонди Џанкшн нема зборови и разбирање.

ОВА БЕШЕ УЖАСЕН ЧИН НА НАСИЛСТВО, НЕСЕЛЕКТИВНО НАСОЧЕНИ КОН НЕВИНИ ЛУЃЕ КОИ ОДАТ ВО ШОПИНГ ВО ОБИЧНА САБОТА. ВЕЧЕРВА, СИТЕ МИСЛИ НА СИТЕ АВСТРАЛИЈЦИ СЕ СО ЖРТВИТЕ НА ОВОЈ УЖАСЕН ЧИН И НИВНИТЕ НАЈБЛИСКИ, СЕ ОБРАТИ ПРЕМИЕРОТ НА АВТРАЛИЈА, АНТОНИ АЛБАНЕЗ.

На видеата на очевидците кои се споделуваат на социјланите мрежи може да се види телото на убиецот како лежи во локва крв додека лекарските кипи од брзата помош се обидуваат да им помогнат на жртвите кои лежат по подот на шопинг молот.

Популарно