Катица Јанева одбила да даде било каква изјава

Поранешната јавна обвинителка Катица Јанева од Основниот Кривичен Суд била спроведена во Државен Завод за Ревизија каде го нарушила јавниот ред и мир, односно се соблекла и во салата присуствувала во долна облека во присуство на повеќе лица, при што одбила да даде било каква изјава, дознава „Република“.

На 03.06.2020 година во 10.30 часот лицето К. Ј. со престојувалиште на ул.Иво Лола Рибар од Основен Кривичен Суд – Скопје била спроведена од нејзиниот дом до Државен Завод за Ревизија , во Палата Емануел Чучков. Веднаш откако започнал официјалниот работен состанок со претставници на ДЗР во сала бр.03 горенаведената по чл.4 од ЗППЈРМ го наруши јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување на јавно место на тој начин што во еден момент ја соблекла својата облека и останала да присуствува во салата по долна облека во присуство на повеќе лица и истата одбила да даде било каква изјава во врска со настанот. Од страна на Т-420 сочинет записник за констатиран прекршок по чл. 4 ЗППЈРМ кој одбила да го потпише и прими.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно