Канал 5: Нови заразени во Македонија се околу 160, а во Скопје околу 100

Извор на Канал 5 кој сака да остане анонимен а е од здравствениот систем вели дека и самите работници се вчудоневидени од растот на бројките на заразени особено во Скопје.

Сепак, уште еднаш потврдуваме дека бројките се неофицијални и дека треба да се земат со резерва.

Канал 5 ги замолува сите граѓани на нашата Македонија независно на која етничка верска заедница припаѓаат ,сериозно и венаш а ги применуваат сите препораки за заштита од овој опасен и смртоносен вирус:

Маска задолжително да се носи во секој затворен простор, помалите маркетите да не дозволуваат да влегуваат муштерии без маски, зелените пазари да постават редари за да не дозволуваат и меѓу тезгите да пазаруваат муштерии без маски

Очекуваме во текот на денот да ги добиеме точните информации за бројот на новозаболените

Времето денес со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Популарно