Авионот на „Туркиш ерлајнс“ Скопје-Истанбул бил пренасочен на аеродромот во Измир

F4837FDA0B6882439CA796583A76D6A6

По нападите, аеродромот „Ататурк“ во Истанбул продолжи да работи, а авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ ги намали летовите од Скопје

Дали и колку летови ќе има од Скопје до Истанбул во наредните денови со „Туркиш ерлајнс“ е сосема неизвесно по терористичкиот напад врз истанбулскиот аеродром „Ататурк“. Денеска од аеродромот „Александар Велики“ кон Истанбул полета утринскиот авион со двочасовно задоцнување, додека вечерниот беше одложен. Инаку, авионот на „Туркиш ерлајнс“ што во вторникот вечерта полета од Скопје за Истанбул, непосредно пред да се случат нападите на аеродромот, беше пренасочен и слета на аеродромот во Измир.

Турскиот авиопревозник го поврзува скопскиот аеродром „Александар Велики“ со Истанбул секој ден во неделата со два лета, утрински и вечерен.

Аеродромот „Ататурк“ денеска, ден по нападите, продолжи да функционира и е отворен за слетување и полетување. Сепак, секоја компанија има можност да донесе самостојна одлука дали ќе продолжи со зацртаниот ред на летање, ќе го промени или ќе го откаже.

Скопје со Истанбул со директни летови, четири дена во неделата, го поврзува и авиокомпанијата „Пегасус“, која лета до аеродромот „Сабиха Ѓокчен“, во азискиот дел од градот. Засега нема откажани летови на „Пегасус“, ниту пак официјални информации од компанијата дека се менува редот на летање.

Од почетокот на туристичката сезона, кон Турција неколкупати во неделата се организираат и чартер-летови, најчесто до Анталија. Во вторникот вечерта, истовремено со случувањата во Истанбул, во Македонија со директен лет од Анталија се врати група наши туристи.

„Не знаевме ништо за случувањата во Истанбул, се додека не почнаа наши блиски да ни се јавуваат и да прашуваат дали сме добро, додека чекавме на аеродромот во Анталија. Речиси никој во авионот не знаеше ништо за нападите, летот се реализираше и навреме стигнавме во Скопје“, вели еден од патниците.

На веб-страницата на „Туркиш ерлајнс“, денеска беше објавено дека компанијата ги откажува летовите од истанбулскиот аеродром до 5 јули, со насоки за сите патници, како да ги заменат билетите или да си ги вратат парите. Во скопската канцеларија на авиопревозникот потврдија само дека е откажан денешниот лет. За сите понатамошни информации, патниците ги упатија да ги побараат на официјалната веб-страница на „Туркиш ерлајнс“.

„Поради вонредната состојба на истанбулскиот аеродром ’Ататурк’, сите патници и клиенти кои имаат резервации за летовите од и до аеродромот меѓу 28 јуни и 5 јули, до крајот на јули можат да извршат пререзервација и регрутирање без никаква доплата, рефундации, целосен поврат на средствата за неискористен авиобилет и поврат за половично искористен авиобилет. Продолжување на валидност на авиобилетот без надомест е дозволено до 31 јули“, се вели во соопштението на авиокомпанијата, од каде што нагласуваат дека летовите од Скопје ќе се реализираат со намален капацитет, а за откажувањата патниците ќе бидат известувани дополнително.

Голем број македонски патници „Ататурк“ го користат за трансфер кон дестинации во Азија и Блискиот Исток, а се' почесто и кон Австралија и Америка. Аеродромот е менаџиран од компанијата „Тав“. Минатата година со 60 милиони патници се најде на третото место во Европа, односно на 11. во светот.

Трагично заврши потрагата по телото на војникот кој доживеа несреќа на вежба во Србија

Телото на подофицер на Војската на Србија е пронајдено утрово во каналот Дунав-Тиса-Дунав, дознава Телеграф.рс.

Еден подофицер на вооружените сили на Србија е тешко повреден вчера при вежба на каналот Дунав-Тиса-Дунав, додека по друг се трага откако паднал во вода, соопшти Министерството за одбрана.

Телото на бараниот подофицер е пронајдено утрово. Мијодраг Тошковиќ е роден во 1980 година во Цетиње. Во стручната служба во српската војска е од 2000 година. Неколку пати е одликуван и наградуван за резултатите од неговата служба. Беше оженет и татко на три деца.

Како што се наведува во соопштението, инцидентот се случил при реализација на редовни тренажни активности на слетување од хеликоптер на водната површина на каналот Дунав-Тиса-Дунав, во реонот на воениот комплекс „Орешац“ околу 12:15 часот.

Вежбата ја изведоа припадници на 72 бригада за специјални операции. По укажаната прва помош, повредениот подофицер бил итно пренесен во Општата болница во Вршац.

Фамилијата Илиќ едногласна: „Не прифаќаме сочувство, се уште не сме го виделе детето“

Мајката и таткото на Данка Илиќ, Ивана и Милош, првпат разговараа заедно за кобниот 26 март кога ја загубија ќерката.

Тие едвај зборуваа за денот кога нивното дете исчезнало.

Прво проговори таткото на Данка, а потоа се приклучи и нејзината мајка, која очигледно е на мислење дека не сака никој да и изразува сочувство бидејќи длабоко во себе верува дека нејзината ќерка е жива, објавија српските медиуми.

– Поради се што е кажано за нас и дека сме клеветени на најлош можен начин, ние двајца како родители кажавме дека јавно ќе зборуваме кога ќе се реши случајот, односно кога ќе ја дознаеме целата вистината за исчезнувањето на нашата ќерка Данка, изјави Милош Илиќ за Република.

Ивана и Милош раскажаа како нивниот среќен живот веднаш се претворил во кошмар од кој велат дека никогаш не излегуваат.

– Што мислите, како ни оди?! Како се нашите души и срца?! Како сме без дете? Како се чувствуваме кога синот ќе не праша каде е сестра му, кога ќе каже: „Мамо, каде е Данка?“, а таа ја нема, праша мајката.

На прашањето да опишат како исчезна Данка и која е вистината за нејзиното исчезнување, родителите рекле дека „се е лага“, освен што многу луѓе го барале девојчето.

-Ивана е добра мајка, а јас добар татко, но… до вистината се уште не е стигнато. Монструмите се уапсени, но…, Милош остана нејасен.

Ивана и Милош истакнаа дека не прифаќаат сочувство од околината, иако се облечени во црно од денот кога полицијата соопшти дека се оствариле најстрашните сомнежи и дека Данка била удрена од службено возило од двајца работници на јавното комунално претпријатие „Водовод“, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ и фрлена во возилото и дека кога подоцна заплакала, наместо да и помогнат, ја убиле.

„Не прифаќаме кога ни изразуваат сочувство, да ги замолиме да не го прават тоа затоа што се уште не сме ја виделе ќерката. Останува уште таа една трошка надеж дека ќе се врати жива. Сакам да нагласам дека не палевме свеќи поради најлошото, туку да и го осветлиме патот за враќање“, рече мајката.

21-годишник тешко повреден откако излетал од коловозот

На 15.04.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на регионалниот пат Делчево – Берово, на место викано „Даштица“, атар на село Тработивиште-делчевско, патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од М.У.(21) од Делчево, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увид екипа од ОВР Делчево, соопшти МВР.

Популарно