Бадников оган во црквата „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров

Објавено на 05 јануари 2017, 12:26

СПОДЕЛИ:

Во дворот на црквата „Св.Петар и Павле“ во општина Ѓорче Петров, утревечер во 18 часот ќе се одржи традиционалната манифестација со палење на бадниковиот оган. За оваа централна прослава се обезбедени дрва, храна и пијалок, соопшти општина Центар.

Денеска со собирање околу коледарските огнови на многу места низ општината граѓаните ќе го почнат празнувањето на Бадник и големиот празник Рождество Христово- Божиќ.

Општината Ѓорче Петров соопштува дека не доделува дрва за маалските прослави на Бадник и оти средствата ќе ги пренамени за помош на социјално загрозени семејства.

СПОДЕЛИ: