Баскерфест од утре ќе го забавува Скопје

Деветтото издание на уличниот театар под отворено небо, „Баскерфест 2014“ ќе се одржи во текот на десет дена во 21 општина во земјава, а ќе биде свечено отворен утревечер во 21 часот, со настапот на Алдруби (Танцот на балоните) од Нови Сад, Србија, на плоштадот Македонија на платото кај скалите кај Камен мост. На фестивалот ќе настапат 150 артисти, музичари и театри од целиот свет. На плоштадот „Македонија“ ќе има три бини, од кои на две ќе настапуваат уличните артисти, а едната ќе биде музичка. Преостанатата програма ќе се одвива на локациите „Пивница Стар Град“ (Стара скопска чаршија) и „Градска плажа парк“ (на кејот зад Градски парк).

images (5)

– Целта на манифестацијата е да се направи сплет на културни, забавни и уметнички содржини и подигање на свеста и значењето на уличната уметност, воведување нова туристичка понуда и промоција на градот Скопје по теркот на сите светски метрополи, а воедно и ги повика граѓаните од сите возрасти да го посестат и да се забавуваат на годинешниов Баскерфест, рече денеска на прес-конференција Слободан Ќосев, раководител на Секторот за Локален економски развој на Град Скопје.

images (3)

Оваа година турнејата ќе трае до 30 јуни, кога во Охрид, Дојран и Битола и официјално ќе заврши Караванот на среќата под отворено небо. Македонците ќе уживаат во уличните претстави на „Баскерфест“ и во Велес (6-7 јуни), Свети Николе (7 јуни), Облешево/Чешиново (10 јуни), Кавадарци (13, 14 јуни), Радовиш (14 јуни), Неготино ( 18 јуни), Виница (19-20 јуни), Берово, Македонска Каменица, Прилеп (20-21 јуни), Крива Паланка, Пехчево, Тетово (21 јуни), Крушево (22 јуни), Дојран (27-30 јуни), Ресен (28 јуни), Охрид (28-29 јуни), Делчево (29 јуни), а крајот е резервиран за Битола (29-30јуни).

Ова се датумите за овогодинешниот ПивоФест

Новото издание на фестивалот на пивото и скарата во Прилеп ќе се одржи од 13-ти до 16-ти јули.
 

 

Ова ќе биде јубилејно 15-то издание на Пивофест кој стана заштитен знак на градот и кој секоја година привлекува се поголем и поголем број на посетители од цела Македонија.

Се очекува во наредните денови да бидат објавени пиварниците што ќе учествуваат на фестивалот како и целокупната музичка програма за време на фестивалските денови.

ФОТО: 8 куршуми му го прекинаа патот до дома

Ноќеска околу 2 часот по полноќ во прилепското село Канатларци 24-годишниот Е.И. жител на селото бил застрелан со 8 куршуми, неофицијално дознава Маркукуле.
Според информациите лицето седело пред продавница во селото, при што на враќање кон дома бил зачекан на улица и изрешетен.
Информациите говорат дека лицето им подлегнало на повредите.

Прв до врв и Empire State Building Fitness Centar ве носат на Водно - Матка

Прв до врв заедно со Empire State Building Fitness Centar ве носат на Водно - Матка.

Следниот викенд планирајте го за освојување на Водно, но и продолжена тура до Матка. Турата е рекреативна и е наменета за планинари и велосипедисти.

Патеките за движење на групите планинари и велосипедисти како и останатите детали за турата ќе бидат објавени дополнително.

Турата ја организираат Прв до врв и Empire State Building Fitness Centar.

За повеќе информации одете на линкот тука.

Популарно