Белград: Професор имал посебна просторија за секс со ученички

Во едно белградско средно училиште, еден професор имал посебна просторија која му служела за секс со ученички и колешки.

19940golema

Покрај салата за физичка култура се наоѓал кабинетот во кој професорот закажувал состаноци, а во средината имало кревет. За љубовните подвизи на згодниот професор одамна се „шушкало“, стигнувале и пријави на негова сметка, но директорот на училиштето не превземал ништо, пишува српски Телеграф.

„Професорот по физичка култура е многу згоден, па жените лудуваат по него. Штом во училиштето ќе дојде млада колешка, сите знаат дека многу брзо таа ќе заврши во неговиот кревет. Проблемот е во тоа што тој едноставно не може да им одолее на убавите жени, па во неговиот кревет завршуваат и згодни матурантки“, открил изворот.

На овој професор, во училиштето веќе подолго време му се „гледало низ прсти“ иако многумина знаеле што се случува зад заклучената врата на неговиот кабинет.

„Тој е голем манипулатор. Ангажиран е во училишниот синдикат, со секој директор е во добри односи, како и со повеќето колеги. Некои од нив свесно го заштитуваат иако знаат што прави, други само се сомневаат, додека трети веруваат дека таа приказна за „љубовното гнездо“ ја шират оние кои му завидуваат што е толку успешен, згоден и убав. Колешките кои поминале низ неговиот кревет секако молчат, затоа што така се заштитуваат себе си, со оглед на тоа што многу од нив се омажени. Како и да е, тој и понатаму им предава на деца, иако одамна требаше да му се одземе дозволата за работа“, вели изворот.

Радмила Додиќ, претседателка на Форумот на белградски основни училишта (FBOŠ) потврдува дека овој случај на „убав професор“ не е единствен во српските училишта.

„Јавна тајна е дека вакви или слични работи се случуваат и во други училишта во Србија. За жал, колегите често се прават луди иако знаат што се случува, а тоа според мене е лажна солидарност. Сметам дека мораме да го исчистиме својот двор од неколку алкохоличари и педофили кои не се достојни за професијата наставник, затоа што само така може да се заштитиме себе си и децата“, заклучува Радмила Додиќ.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно