Белград во оган и чад: Мигранти во Белград палат што ќе стигнат за да се згрејат(ФОТО)

Мигрантите, претежно од Авганистан и Пакистан, се обидуваат да се згрејат на Централната станица во српската престолнина, која е буквално преземенa од смрзнати и прегладнети бегалци.

Мигрантие палат огнови од се она што ќе го најдат.

Тие се блокирани во соседна Србија, бидејќи Балканскиот пат кон Западна Европа е затворен.

Стотици мигранти чекаат за храна при ниски температури во стар магацин на железничката станица. Волонтери делеа по едно јадење на ден на раселените луѓе кои се сместиле во областа.

-Немаме што да облечеме, немаме ќебиња, немаме подобро место за спиење, немаме бања, немаме ништо – вели мигрант од Авганистан.

Во моментов на територијата на Србија има околу 8.000 мигранти, кои не можат да го продолжат патот кон Европа. Само во Белград нивниот број е околу 2.000.

„Сега ќе видиш што е пекол“: Убиецот на Анѓелина префрлен во најсуровиот затвор во Србија

Потврдена му е канзата од 40 години затвор на Владица Рајковиќ, кој пред една година ја силуваше, па ја уби тригодишната Ангелина од српското село Вратарница. Деновиве беше префрлен на одлежување на затворската казна во пожаревскиот затвор „Забела“, а затворениците во најсуровиот затвор во Србија му посакале „добредојде“.

Извор од затворот за Информер вели дека прво ќе биде сместен во подготвителен оддел, а потоа ќе биде префрлен во ќелија со еден затвореник, а не во групна соба, зашто поради злосторството што го направил, лесно може да стане жртва на другите затвреници.

Кога се расчуло во затворот дека доаѓа, затворениците гневни пцуеле и викале дека допрва ќе види што е пекол.

Драгана Миркович обелодени за Цеца: Не бевме во добри однос, а таа ми се јави на телефон и ми кажа...

По сите шпекулации и зборувања за односот на двете диви, Драгана Миркович реше да им стави крај.
И јас и таа никогаш не бевме во добри односи од едноставна причина, многу сме различни. Животот ни е потполно различен, пријателите, околината, изјави Драгана и потенцираше дека Цеца и се јавила да и ја пофали телевизијата.


Кога Цеца беше забранета на Пинк, обрати внимание на мојата телевизија, па забележала колку колегите и колешките се застапени кај мене. Јас не сум суетна и моите колеги се многу повеќе почитувани од јас самата на ДМ САТ. Тогаш ми се јави Цеца и ми рече: Драгана морам да ти честитам, секоја чест. Без никаква суета си ја работиш работата. Тогаш почнавме да зборуваме и да се слушаме на телефон, додаде Мирковиќ.

ФОТО: Неда Украден го прослави 67от роденден во секси костим за капење

Балканската ѕвезда својот роденден  го прослави каков што и е и стилот, софистицирано и убаво.
Неда Украден, денеска, 16 август, го прослави 67. роденден, а славењето го почна на малиот ексклузивен остров Корчула, каде што пејачката во моментот ужива.

„Домаќините од Оребиќ кај што гостував претходната ноќ приредија вистинска роденденска забава, всушност, неколку часа порано!“, изјави пејачката.

„Не е важно колку години имате во животот, туку колку живот имате во годините!“, заклучи Неда, која на овој значаен ден за неа позира во костим за капење и повторно покажа дека годините не ѝ можат ништо.
 

Популарно