Биба Додева: Не е тешко да си Катица Јанева, ако...

Она по што многумина ќе ја паметат и спомнуваат годинашната Бубмара е секако настапот на Биба Додева, како специјалната обвинителка Катица Јанева, и Тина Трпкова како Фатиме Фетаи, а Нина Деан како Ленче Ристоска. Нивната изведба на песната за СЈО предивика бурни реакции и аплаузи, а пофалбите се уште и по неколку дена не стивнуваат. Песната веќе стана хит и се врти на повеќе радио станици, а Биба доби безброј комплименти на социјалните мрежи за одлично одиграната улога на Јанева. Со неа разговаравме околу тоа дали е лесно да се биде Катица Јанева, па макар и на пет минути.

„Една од олеснителните околности околу овој настан, беше секако тоа што си личиме со Катица. Во глумата многу ми помогнаа и моите колешки Тина и Нина, па затоа можам да кажам дека не е тешко да си Катица, ако покрај себе ги имаш Ленче и Фатиме. Исто така, голема помош имав и од Сашко Коцев и Александар Митевски. Нина и Тина се професионални актерки, тие сфатија дека имам талент за глума, и цел месец ја вежбавме точката доста посветено’’ – вели Биба.

Таа додава дека вежбањето им минало во доста добро расположение, сите на некој начин ,,влегле’’ во филмот, па Тина и Нина дури започнале да и се обраќаат со ,,шефице’’.

„Идејата овој настап да биде пародија без навреди, многу ми се допадна. Особено поради тоа што и самата често знам да се пошегувам на своја сметка. Ми беше посебно драго тоа што Катица ја прифати шегата на нејзина сметка. Додека ние трите настапуваваме, камерите ја снимиле нејзината позитивна реакција. За време на пробите во студио, се трудевме максимално да ги симнеме движењата на специјалните обвинителки. Пуштавме видеа од нив, следевме како одат, зборат, кои движења ги имаат. Јас дури толку многу влегов во филм, па кога не ми ,,отвораа’’ во песната, се развикав по Ленче за помош. Од толку смеење, едвај го продолживме снимањето! Но, сепак, искуството беше убаво’’- раскажува Додева.

Според неа, идејата за нивниот настап била на Ранко Бубамара, и тој од почеток верувал дека ќе бидат атракција, посебно поради физичката сличност на Биба и Катица.

„Многу пати досега ми имаат кажано дека си личиме со Катица, ме прашале да не сме роднини. Знам дека си личиме, посебно во насмевката. А исто, буцки сме и двете и мислам дека добро го носиме и тоа. Како што се носиме и со јавниот живот. Посебно ми кажуваа дека си личиме во времето кога бојата на косата ми беше посмеѓа, а истото и го кажувале и нејзе, па така нашата прва средба беше доста интересна’’ – ни изјави Биба.

Сега, кога ги сумирала впечатоците од севкупниот настан, вели дека е задоволна.

„Заборавивме да се смееме. Ако нашата точка ги засмеа луѓето барем на кратко, тогаш сум среќна’’ – раскажа поп пејачката и претседателка на македонското здружение за борба против ракот ,,Борка’’.

Сите кои што го пропуштиле генијалниот настап на Биба и нејзините колешки, вечерва со почеток во 20,30 часот на Канал 5 телевизија, ќе следи уште една една реприза на ,,Златна бубамара на популарноста’’.

Фокус.мк

Еден од најпосакуваните ергени во Холивуд ќе стане татко

Можеби еден од најпосакуваните ергени во Холивуд, Хенри Кавил откри дека го чека своето прво дете со неговата девојка Натали Вискузо.

Глумецот ја потврди среќната вест за „Аксес Холивуд“ (Access Hollywood) на премиерата на својот нов филм „Министерството за неџентлменско војување“ (The Ministry of Ungentlemanly Warfare).

– И јас и Натали сме многу, многу возбудени за тоа, изјави Кавил (40).

Кавил и Вискузо се во врска речиси три години. Во јавноста, првпат се појавија на црвениот тепих на премиерата на „Енола Холмс 2“ во 2022 година. Натали работи како директорка на холивудската телевизија

Видео: Хју Хефнер е погребан до Мерлин Монро- причината е бизарна

Многу фанови деновиве се сеќаваат на поранешниот шеф на Плејбој, а една од најбизарните работи што ги правел во животот се однесувала на Мерлин Монро. Имено, неговата желба била да биде погребан покрај познатата актерка.

Хефнер почина во септември 2017 година, а неговите посмртни останки се наоѓаат во криптата на гробиштата на Меморијалниот парк на селото Пирс Брадерс Вествуд во Лос Анџелес - веднаш до Монро. Тој платил 75.000 долари во 1992 година за да биде погребан покрај холивудската ѕвезда, иако парот никогаш не се запознал. Хефнер тврдеше дека таа е најзаслужна за успехот на Плејбој, а тие биле на иста возраст, поради што чувствувал „двојна врска“ со неа.

Хефнер одлучил години пред смртта да биде погребан до неа. „Верувам во симболични работи. Да се ​​помине вечноста покрај Мерилин е премногу слатко за да се избегне“, изјавил тој за Лос Анџелес Тајмс во 2009 година. Хефнер ја направи Монро икона на Плејбој откако тој купи неколку нејзини голи фотографии кои таа се согласила да ги направи кога немала пари.

Кога потврдил дека платил 75.000 долари за да биде погребан до актерката, феминистките истакнале дека Хефнер ги објавил нејзините разголени фотографии без нејзина согласност и не ѝ платил ни пара. Всушност, кога се согласила да се фотографира во 1949 година, за нив ѝ платиле само 50 долари, а потоа побарала од фотографот да се обиде да ги замагли за да не биде препознатлива.

Хефнер подоцна платил 500 долари и ги објавил на централно место во првото списание Плејбој. Во 2011 година, Хефнер му рекол на Пирс Морган: „Таа всушност беше во класата по глума на брат ми во Њујорк. Но, реалноста е дека никогаш не ја запознав. Еднаш разговарав со неа на телефон, но никогаш не ја сретнав. Таа замина, за жал , пред да дојдам овде“, призна тој.

Почина Роберто Кавали

На 83-годишна возраст денеска почина познатиот италијански моден дизајнер Роберто Кавали. Весникот „Кориере дела сера“ објави дека Кавали долго време бил болен.

Во светот на модата, тој стана познат по својот нетривијален, светол стил.

Дизајнерот инаку минатата година доби син кому му го даде името Џорџо по неговиот татко.

„Бебето, кое се роди пред една недела токму овде во Фиренца, е прекрасно и беше навистина емотивно да го видам веднаш по неговото раѓање. Неговото име е Џорџо, како неговиот дедо, татко ми кој беше застрелан од нацистите во Масакрот во Кавриља кога имав четири години“, изјави Роберто за списанието Новела 2000 .

Оваа вест буквално го шокираше светот со оглед на тоа дека Роберто беше 45 години постар од Сандра.

Роберто се забавувал со Сандра од 2008 година, т.е. уште од нејзини 23 години, додека манекенката се грижела за дизајнерот секојдневно во последните години бидејќи имал сериозни здравствени проблеми.

Злобниците шушкаа дека Сандра „му менува пелени“ и дека тој е со неа само за да се грижи за него, но сите беа шокирани кога дознаа дека парот има и дете.

Сандра е родена во Шведска, во светот на модата влезе на само 14 години, а со Роберто Кавали живееше во последните 15 години.

Во 2006 година Сандра беше прогласена за најубава жена во Шведска, додека една година подоцна се појави на насловната страница на познатиот магазин Плејбој.

Популарно