Бившиот на Северина по втор пат ќе стане татко: Ќе се шокирате колку години има девојката на Милан!

Милан Поповиќ по втор пат ќе стане татко. Српскиот бизнисмен има петгодишен син Александар со пејачката Северина Којиќ, а сега со својата нова девојка очекува дете.

Избраничката на Милан има 23 години и потекнува од угледно семејство, но не сака јавно да се експонира.

Поповиќ е пресреќен за приновата бидејќи малиот Александар често му велел дека сака брат или сестра.

Мартин Вучиќ спрема свадба!

Мартин Вучиќ на 9 јуни ќе се жени со својата долгогодишна девојка Сања. Блиски пријатели на Мартин раскажаа дека свадбата се подготвува од поодамна. Велат дека се поканети блиски пријатели на двете семејства, но и луѓе од јавниот живот кои се пријатели на Мартин и на неговиот татко Драган Вучиќ. Свадбата ќе се одржи во „Камник“.

Мартин никогаш не зборувал јавно за приватниот живот и за своите девојки. Сања долго време ја криеше од јавноста, а медиумите првпат пишуваа дека Мартин и Сања се заедно скоро една година откако ја почнаа врската. Двојката е заедно од 2014 година. Тие веќе подолго време живеат заедно.

Мартин Вучиќ  не сака да се зборува за неговиот приватен живот оти од 2008 година не е на музичката сцена.

Тој беше еден од најпопуларните пајачи кај нас на почетокот на 2000те години кога македонската музиката доживеа најголема експанзија. Во 2005 година Мартин ја претставуваше Македонија на Евровизија со песната Make My Day.

Тамара е бремена по втор пат!

Македонската поп-пејачка Тамара Тодевска е бремена вторпат. Таа оваа вест ја потврдила, пренесе „Женски магазин“.

„Сè уште не знаеме дали е момче или девојче, ама пресреќни сме. Хана ќе си има друштво“, рекла Тамара.

Тамара и нејзиниот сопруг Александар Димитровски веќе ја има ќерката Хана, родена во април 2016 година.

ФОТО: Лепа Брена се пофали, фановите шокирани

Лепа Брена го посетува црногорското и хрватското приморје.

Полуларната пејачка им се пофали на фановите со својот плен кој со пријател го уловила во Јадранското море. Имено, Брена со пријателот улови огромна риба, а нејзинтие фотографии сите ги изненадија.

Популарно