Богата жена нуди 1.3 милион долари за редовен секс!

Оваа богата Саудијка се решила да си најде маж и дорбо да го плати тоа, но има неколку услови за тоа од кој главен е  дека мажот треба да „го почитува семејниот живот". Таа го објавила огласот во саудиското списание Рој, но не го открива името и годините.

04.12.ponuda1

Жената сака кандидатите да и пишуваат по пошта или по факс и да оставаат телефонски број, за да може таа да се поврзе со нив, ако ги одобри.

Во огласот пишува:

-За мене не е важно дали мажот ќе се согласи поради парите. Најважно за мене е тој да го почитува семејниот живот и семејните обврски. Се согласувам на овој брак мисар и би му платила 5 милиони SR (1.3 милиони долари) веднаш. Тој мора да живее со мене во мојата вила и да почитува некои услови кои ќе му ги кажам лично.

„Мисар" е брачен договор, во кој паровите живеат одвоено, но се гледаат редовно за секс. Иако Исламот не го забранува овој договор, тој не е популарен, бидејќи многумина го сметаат за вид на проституција. Во брак од таков тип жените обично немаат никакви права. 80% од овие бракови завршуваат со развод.

Жената е разведена. Таа споделила во списанието дека нејзиниот прв сопруг бил алчен и ги сакал само нејзините пари.

-Првиот пат направив погрешен избор. Сакам сега да го направам вистинскиот. Имам фикс идеја да се омажам. Фрустрирана сум, вели таа

Никол Кидман ги изненади фановите со промена на имиџот

Оскаровката Никол Кидман се пофали со својата промена на имиџот на својот инстаграм-профил.

56-годишната актерка ја покажа својата нова боб-фризура заменувајќи ги препознатливите долги кадрици.

Обожавателите во коментарите го пофалија нејзиниот нов изглед, а многумина напишаа дека актерката изгледа помладо.

„Безвременски“, „Ја сакам твојата коса“, „Време беше“, „Изгледаш фантастично“, се дел од коментарите.

Сепак, имаше и такви што беа разочарани од новата фризура.

„Каде ти се локните?“, „Извини, но воопшто не личиш на себе“, „Никогаш не би помислил дека ова е Никол“, напишале тие.

Реквизитот од филмот „Титаник“ продаден за 718.000 долари

За познатата сцена од филмот „Титаник“, се води дебата меѓу обожавателите дали дрвената врата била доволно голема да на неа легне Џек, и така да се спаси од ледената смрт.

Дрвениот дел, кој и овозможи на Роуз да го преживее бродоломот, беше продаден на аукција за 718.750 долари.

Оваа разгорена дискусија се одвива уште од периодот кога филмот беше премиерно прикажан во 1997 година.

Во филмот, Џек (игран од Леонардо ди Каприо) вели дека таблата – дел од рамката на вратата – е доволно голема само за жената која ја сака, Роуз (играна од Кејт Винслет). Потоа, Џек умира во ледениот Атлантски океан, а неговото тело потонува на дното.

Во епизодата на телевизиската емисија „Разоткривање на митови“ од 2012 година, режисерот на „Титаник“, Џејмс Камерон, откри дека добива десетици мејлови во кои се тврди дека Роуз е „себична“, а Џек е „идиот“ поради оваа сцена. Камерон, меѓутоа, ја заврши дискусијата со забелешка дека според сценариото, Џек мораше да умре. „Можеби малку згрешивме со пропорциите и можеби таблата требаше да биде малку помала, но момчето мораше да потоне“, додаде тој.

Реквизитот, кој често се смета за врата, е направен според парче од останките на вистинскиот Титаник, откриен по неговата трагедија во 1912 година. Според аукциската куќа Heritage Auctions, реквизитот е приближно 2,4 метри долг и 1 метар широк.

Оваа продажба на реквизити и костими, која заврши во неделата, вклучуваше предмети како костимот на Спајдермен кој го носеше Тоби Мегваер (125.000$), секирата од филмот The Shining (125.000$), како и познатиот камшик на Индијана Џонс (525.000$) вкупно вредни 15,48 милиони долари.

Real tribute - Симфониски концерт на Тина Тарнер на 1 јуни во Скопје

Ексклузивниот концерт кој го има пропатувано речиси целиот свет, конечно и во Македонија!

Рок симфонијата "Simply the best" посветена на кралицата на рокенролот и музичката икона Тина Тарнер, ќе биде изведена на 1 јуни во „Арена Борис Трајковски“ со повеќе од 40 луѓе на сцената.

Тина Тарнер беше славна по своите бурни, енергични сценски изведби и по моќниот вокал, често нарекувана кралица на рокенролот и музичар кој остави неизбришлива трага во светот на музиката, забавата и културата. Неисцрпна инспирација е за многумина, а нејзината важност се чувствува во генерациите кои доаѓаат.

Присутните ќе имаат можност да уживаат слушајќи ги највлијателните и најпознатите хитови како што се „Proud Mary“, „What’s Love got to do with It“, „Simply the best“, „We don’t need another hero“ и многу други. Добро познатите балади ќе ги разнежнат сите присутни, а брзите ритми ќе ги подигнат сите на нозе.

Рок симфонијата е посветена токму на неа, а на истата ќе се изведуваат и песни од бендови како „Gun's and roses“, „Deep purple“, „AC/DC“, како и познати дуети кои ја одбележаа светската кариера на Тина. На 1 јуни, публиката ќе има можност на еден поинаков начин да ја почувствува енергијата на легендарната Тина.

Тина Тарнер беше една од најголемите рок пејачки на сите времиња и така и ќе остане запомнета.

Сите оние кои сакаат да доживеат ноќ исполнета со многу енергија и страст, можат уште веднаш да ја купат својата влезница.

Влезниците се пуштени во продажба, а истите може да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com Розе Веро 2, како и Јк травел во Бисер.

Популарно