Болна исповед на мајката на убиецот Милан: Нека скапе во затвор или нека се убие

За Милан Митровиќ (30), повеќе пати казнуван и пријавуван крадец склон на алкохол, очигледно човечкиот живот не значи ништо. Во понеделникот тој убил двајца мажи, Маринко Томиќ (49) и Лука Кошица (80) во Славонски Брод и тоа за да им одземе помалку од 150 евра.Додека семејствата и пријателите на убиените се подготвуваат за последниот поздрав со своите најблиски, убиецот Митровиќ се соочува со својата казна чекајќи ја во привтор. Неговите родители не можат да дојдат при себе од срам и шок. Велат, често им правел проблеми и постојано го молеле да се смири, а поради кривичните дела кои постојано ги повторувал како и лошото однесување, велат не му било место да живее со своите тројца малолетни браќа.

milan-2

– Да ви кажам дека ми е сеедно, би ве излажала. Јас сум му мајка, но ако навистина убил двајца, треба да се убие и самиот. Срам да му е! Жал ми е за семејствата на убиените луѓе, но не и за мојот син. Не престанува да краде и да пие. Одев во посета во Пожега каде лежеше затвор неколку години и од тогаш ми е доста. Ако мене ме прашувате, нека скапе во затвор или нека се убие, а во посета нема да му отидам. Кога ќе се напуши и ќе се напие како да не е истиот човек. Си ги сече рацете и така шета по градот. Едно време и лажел дека сме го избркале од дома, што не е точно.

– Пред неколку месеци се оженил за некоја Ана, а дознав дека таа е трудна. На свадба не бевме повикани. Потоа дознав дека сакал да се разведе затоа што мислел дека не е тој татко на детето… ете, што повеќе да кажам. Има 30 години, а не знае што е живот, изјавила Невенка Митровиќ, мајка на убиецот, додавајќи дека го нема видено од летово.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно