Борјан Јовановски: Албанскиот треба да е задолжителен во сите основни училишта за Македонците

Новинарот Борјан Јовановски на својот твитер отвори дебата со став дека Албанскиот јазик треба да е задолжителен во сите основни училишта за Македонците. Иако дебатата не тргна во правецот во кој тој се надеваше, Борјан реши да го брани својот став. Што мислите вие?

Овие неколку хороскопски знаци ги очекува лош ден

Овен

Премногу сте тврдоглави и бурно реагирате на сите страни, што не е добро за вашата деловна страна. Не се потпирајте премногу на другите, туку барајте сила во себе и завршете ги работите во ваша корист. Главоболка.

Бик

Љубовната ситуација е многу напната поради вашето непроменливо мислење. Партнерот бара од вас многу повеќе отколку што вие сте спремни да дадете. Потрудете се да се посветите на комуникација со вашето семејство до крајот на денот.

Близнаци

Во овој момент учите да се почитувате себеси и вашето знаење. Никој нема право да ве сврти против нив, но мора да знаете како да го заштитите вашето место во околината. Љубовните врски денес се многу добри поради вашата искреност.

Рак

До крајот на денот внимавајте каде и што зборувате и коментирате. Не дозволувајте другите да ве злоупотребуваат само за свои деловни интереси. Вашето семејство е голема поддршка за се што ви треба во текот на денот.

Лав

Вашето однесување се менува од ден на ден, а во текот на денот ќе бидете многу променливи токму поради емотивниот хаос кој го чувствувате со денови. Партнерството е многу нестабилно благодарение на љубомората на партнерот. Бидете доследни на себе и вашите планови.

Девица

Во следните неколку дена ќе доцните со реакциите на туѓите енергии и водете сметка како тоа влијае на вас и на вашето расположение. Финансиската ситуација не е баш добра и бидете подготвени на компромиси со партнерот.

Вага

Денеска ќе ги анализирате емоциите и деловните резултати бидејќи ќе имате можност да се посветите на себе и на вашите планови. Немојте да се изненадите ако другите ве користат за свои цели затоа што премногу верувате.

Шкорпија

Денес е многу комплициран ден и многу е важно паметно да го искористите. Не дозволувајте да правите ненадејни и нереални потези. Не можете емотивно да се затворите затоа што треба да се свртите кон сегашниот момент.

Стрелец

Месечината и Меркур ви создаваат чувство на нестабилност, а тоа се однесува на деловната страна и соработката со луѓе од странство. Чувство на напнатост создава личност под знакот на Водолија која е голема пречка во вашиот бизнис. Свртете се кон себе.

Јарец

До крајот на денот ќе бидете оптоварени со работи кои ви се случуваат кои не можете да ги контролирате а тоа се однесува на партнерскиот однос. Обидете се да не реагирате од позиција на лутина бидејќи само така можете да го надминете негативното влијание на Марс.

Водолија

Во следните неколку дена ќе бидете многу оптоварени со работи поврзани со пари и заработка. Обидете се да се организирате многу подобро кога станува збор за тој дел од вашиот живот и не се обидувајте да им угодите на сите. Можни проблеми со грлото.

Риби

Ситуацијата во кругот на семејството е стабилизирана благодарение на вашата врска и вашата желба да ставите се во совршен ред. Деловната ситуација е коректна во смисла дека вашата комуникација со другите е на завидно ниво. Проблеми со спиењето.

Украле цел сеф со пари од менувачница во Чаир

Вчера до СВР Скопје стигнала пријава дека непознати лица влегле во менувачница во Чаир и одзеле сеф кој бил полн со пари. Возилото со кое е извршена кражбата е пронајдено подоцна на паркинг исто на територијата на Чаир.

„На 17.04.2024 во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки. По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“.

Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани

Педесет и деветгодишниот Усеин Р. од Кочани, кој во септември лани ѝ нанесе десетици убодни рани од нож на 46-годишната Танкица Младеновска од Кочани и ја уби, денеска е осуден на казна доживотен затвор. Тој се сомничеше дека на 25 септември лани, на свиреп начин ја лиши од живот Танкица, нанесувајќи ѝ многубројни убоди со нож. Таа почина на местото на настанот.

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело – Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна – доживотен затвор.

Во обвинението, Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело – Уцена кон истата оштетена, сторено пред убиството. Меѓутоа тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка.

Платформата за родова еднаквост лани реагираше до Јавното обвинителство со барање ова убиство да биде квалификувано како фемицид при вршење на родово базирано насилство истакнувајќи дека институциите не го препознаваат родово базираното насилство, и овој случај го водат како убиство на свиреп начин.

-Случајот на фемицид, најтешкиот вид на родово базирано насилство, кога во Кочани жена беше избодена до смрт, иако претходно го пријавувала сторителот за уцена и барала заштита, Основното јавно обвинителство Кочани го квалификуваше како убиство на свиреп начин, со што се потврдува фактот дека институциите сѐ уште не го препознаваат родово базираното насилство. Основното јавно обвинителство Кочани донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело –Убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик, реагираа оттаму.

Популарно