Босанка родила 12 деца, па си пукала во стомак: Изјавата на сопругот по смртта ги шокирала сите

Полицијата во Сараево ги истражува околностите под кои се случила смртта на Неџаде Сеферовиќ (42) од населеното место Блажуј, која утрово во Здравствениот дом Илиџа им подлегнала на повредите здобиени од тоа што се застрелала во стомак.

Како што изјавиле сведоци за српски „Фактор“, жената се самоубила пукајќи си со пиштол во стомак, оружјето било во сопственост на нејзиниот сопруг Сабахудин, за кое тој имал дозвола.

Нејзиниот сопруг пак изјавил дека со неа имал 12 деца и се било во ред во бракот.

- Станавме сабајлето, како и секој обичен ден. Таа отиде да земе дрва за да го запали огинот. Ја немаше подолго време, а потоа слушнавме три, четити истрели. Веднаш истрачавме со децата да видиме што се случило, а таа веќе лежеше во локва крв, изјавил сопругот.

Како што вели тој, веднаш се јавил во полиција и прашал дали да чека Брза помош или да ја носи во болница.

- не знам што ми рекоа од полиција. Со помош на децата веднаш ја качив во автомобилот и ја однесов во болница, затоа што даваше знаци на живот. Кога стигнавме во амбулантата Илиџа ни кажаа дека и нема спас, - раскажал Сабахудин.

Се претпоставува дека токму сопругот е причината за самоубиството, а неговата изјава ги шокирала сите...

- Таа беше ужасно љубоморна. Овде подолу имав една љубовница и еве што се случи, - завршил сопругот мавтајќи со рацете.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно