Маја Глигоровска: Не ми сметаат годините додека ми се допаѓа тоа што го гледав во огледало

Бомбардирани од сите маркетинг пораки за тоа како да го спречиме стареењето одлучивме да ја разработиме и таа тема, прашуваме дали староста е срамота и дали стареењето се смета за болест. Дали стареењето без брчки е благодет кој што можат да си го дозволат само богатите? 

Зборуваме со кого ако не со личности од јавниот свет во Македонија кои не знаат да стареат. 

Стојна Костовска, Драган Стојчевски, Маја Глигоровска и д-р Роберт Стојовски се согласија дека веќе е срамота да се употребува зборот „стар“ и оти „возрасен“ е по прикладната варијанта. Да те наречат стар не значи дека те навредиле, но стариот човек е обично изнемоштен и е на возраст над 85 години, кога човекот е психо-физички активен и умее да се грижи за себе нема потреба да се нарекува стар, тој е само возрасен, смета почитуваната актерка.

Маја Глигоровска вели дека не треба да ги криеме годините се додека ни се допаѓа она што го гледаме во огледало или пак на вага. Според неа, жените во повозрасни години треба многу повеќе да работат на себе за да изгледаат добро, за разлика од мажите на кои им е полесно оти треба само да вежбаат.

Драган Стојчевски ќе советува дека ако сакаме да изгледаме добро мора да се храниме како што треба и да бидеме спортски активни, според поранешниот мистер на Македонија ништо друго не може да го ублажи стареењето, годините се тие, вели тој. Него заради годините почнале да го викаат и чичко Драган, но тој вели дека не се чувствува како чичко.

Открива ли докторот Роберт Стојовски кој од нашите гости има естетски корекции на себе? 

Оваа епизода може да ја погледнете на следниот линк:

Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти

Танчерки во бели „пачка“ фустанчиња се собраа вчера во њујоршкиот хотел „Плаза“ за да го соборат светскиот рекорд во танцување на прстите.

Меѓу танчерките имаше девојчиња на возраст од девет до 19 години кои се натпреваруваат за стипендии, но и професионални танчерки. На музика од Петар И. Чајковски, балерините се префрлаа од едната нога на другата и обратно - на прсти и со поголема брзина. Тоа движење се нарекува „бурè“ на француски и девојките го правеа тоа цела минута.

Тина Ши, претставничка од „Гинисовата книга на рекорди“, го објави резултатот: „Имаше 353 девојки, тоа е нов Гинисов рекорд. Честитам!“.

Претставата е организирана од американската младинска програма за стипендии за балет „Јут Америка гранд при“, којашто ја прославува својата 25-годишнина со три вечерни изведби во „Линколн центарот“ за изведувачка уметност. 

Руси поставија светски рекорд со скок со падобран

Истражувачи од Русија минатата недела поставија светски рекорд со скок со падобран спуштајќи од Земјината стратосфера над Северниот Пол. Мисијата служеше и како тест за нов прототип на комуникациски систем за употреба на Арктикот, изјави денеска организаторот Никита Цаплин.

Падобранците Михаил Корниенко, Александар Линик и Денис Јефремов скокнаа од авион „Иљушин-76“ на височина од 10.500 метри и слободно паѓаа две и пол минути пред да ги отворат своите падобрани на 1.000 метри од земјата. Сите тројца падобранци паѓаа со брзина од повеќе од 300 километри на час, на температура некаде и околу -50 Целзиусови степени, според Цаплин.

Михаил, Александар и Денис слетале во близина на руската поларна база „Барнео“.

Инаку, стратосферата е слој од атмосферата на Земјата којшто се протега од 10 километри (околу 8 километри на Земјините полови) до 55 километри. Комуникациите на Арктикот ќе стануваат сè поважни бидејќи Русија, САД и Кина се натпреваруваат за ресурси, трговски патишта и воена предност.

– Нашето решение засега е прототип, но сепак се поврзавме со сателитот од нашиот сервер и го извршивме преносот на податоци… Направивме мали чекори во таа насока и тоа беше нашата задача, рече Цаплин.

Компанијата, или системот „Иридиум“ – именувани по реткиот хемиски елемент, работи така што сателитите за комуникација се поставуваат во ниската орбита на Земјата – на височина од околу 781 километар (наместо вообичаените 33.000 км). На тој нов современ начин податоците се пренесуваат на помалите компактни уреди за илјадити дел од секундата.

Популарно