Гордана Силјановска Давкова - 39,82%, Стево Пендаровски - 19,42%

Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека од обработени 80 проценти од гласовите, односно 2 806 од вкупно 3 508 избирачки места, води кандидаткта на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска 

Давкова со освоени 282 075 гласови (39,82%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 137 450 гласови (19,42%).

Трет е Бујар Османи од ДУИ со 101 160 гласови (14,28 %), Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 71 633 гласови (10,11 %), Максим Димитриевски од ЗНАМ има 59 933 гласови (8,46 %), Билјана Ванковска поддржана од Левица има 30 802 гласови (4,35 %) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 5 321 гласови (0,75 %).

Гласачките места беа отворени од 7:00 до 19:00 часот. Право на глас имаа 1.814.317 граѓани запишани во избирачки список. Тие на 3.480 избирачки места можеа да се изјаснат за еден од седумтемина кандидати.

ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Одѕивот на денешните претседателските избори до 18 часот изнесуваше 47,61отсто, и е поголем од последните избори за шеф на државата во 2019 година кога до 19 часот на гласање излегоа вкупно 41,67 отсто од запишаните избирачи.

За претседател ќе биде избран кандидатот кој освоил мнозинство гласови од вкупниот број евидентирани избирачи, односно 907.159 гласови. Ако никој не го добие потребното мнозинство, ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови.

Ова се седми непосредни избори за претседател од независноста на државата. Претходните беа одржани во 1994, 1999, 2004, 2009, 2014 и во 2019 година.

Ова се резултатите по обработени 60% од гласовите на денешните избори

Според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија од првиот круг на претседателските избори кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова има 197.741 гласови (37,80%), што е двојно повеќе од кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски – 97.592 гласови (18,66%), по преброени 59,59 отсто гласови.

Кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски има 4.997 гласови (0,96%), кандидатот на ДУИ Бујар Османи има 81.748 гласови (15,63%), кандидатката на Левица Билјана Ванковска – Цветковска има 23.472 гласови (4,49%), кандидатот на албанската опозиција Арбен Таравари има 59.591 гласови (11,39%) и кандидатот на ЗНАМ Максим Димитриевски има 42.296 гласови (8,09%). 

Од 43% обработени избирачки места, убедливо води Силјановска Давкова, втор е Бујар Османи

Речиси дупло водство на Гордана Силјановска Давкова евидентира Државната изборна комисија од 43% обработени податоци.

Според информациите кои тие ги објавија Гордана Силјановска во моментов има освоено нешто повеќе од 128 илјади гласови, втор на листата по бројот на гласови е Бујар Османи со 62.772 гласови, трет е кандидатот на СДСМ со освени 62.484 гласови, четврт е Арбен Таравари, потоа Маским Димитриевски, потоа кандидатот на Левица и последен е Стевче Јакимовски.

Наскоро се очекува официјални прес конференција на Државната изборна комисија. 

Популарно