Што откри Заев за договорот за добрососедство со Бугарија?

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, на денешната пресконференција на тема „добрососедскиот договор“ со Република Бугарија, изјави дека документот ќе биде објавен на сајтот на владата. До тогаш, пред новинариот објави, односно протолкува делови од договореното. 

Во членовите што беа третирани како контроверзии во јавноста стои дека ќе се формира заедничка мултидисциплинарна комисија за историја и за образовни прашања, која ќе даде толкување на историските настани засновано на историски извори. Таа ќе поднесува извештај еднаш годишно пред владите на двете земји.

Со согласност на двете страни ќе се организираат чествувања на историски настани и личности. Ниту една од страните нема да поттикнува и поддржува дејства насочени против другата земја што имаат непријателски карактер и нема да пројавуваат територијални претензии една кон друга. Во договорот исто така стои правото двете страни да ги застапуваат интересите на своите државјани во другата земја, со потврда од Македонија дека ништо во нејзиниот Устав не треба да се толкува како мешање во внатрешните работи во Бугарија, со цел да го заштити статусот на лицата што не се државјани на Македонија, што всушност се однесува на нашето малцинство во таа земја.

Двете земји ќе формираат меѓувладина комисија која еднаш годишно ќе организира средби, со напомена дека договорот што се потпишува може да биде изменет и дури и да биде  целосно повлечен ако една од земјите го побара тоа.

Договорот ќе биде потпишан на официјалниот македонски јазик, во согласност со Уставот на РМ, а во уводниот дел индиректно се признава македонскиот народ од страна на Софија. Имено, во него стои:  „Имајќи ја во предвид заедничката историја, која ги поврзува двете држави и нивните народи…„

ВИДЕО: Сопругот ја силувал 40 години, а синот ја докрајчил

Џој Харис се омажила за радикалниот пастир Лари Харис, кој проповедал дека жената мора да се поклони на секоја желба на мажот, а потоа открила дека нејзиниот сопруг за време на 40 години брак ја силувал по седум пати дневно. 

Лари и Џој се преселиле од Америка во Австралија во 1994-та година во рамките на мисијата на еден оддел од батистичката црква Valley Forge Baptist Church, која претходните нејзини членови ја опишуваат како култ.

"Ме учеше и мене и своите следбеници дека жената треба да му се поклони на мажот како човекот на Бога, зборуваше дека тоа го пишува во Библијата. Мислеше дека тоа што ќе ме силува повеќе пати ќе го направи поголем маж, па тоа со текот на времето се влошуваше", раскажува за Daily Mail.

Кога вистината за тортурите врз оваа жена била откриена, дури и старешината од спомената баптистичка црква изјавил дека не му е јасно "како може човек да одговара пред суд за нешто што не е злочин". Сличен став заземал и еден од нивните синови, Кевин, кој живеејќи и растејќи со татка си го преземал најлошото од него. И тој станал пастир во еден од радикалните делови на црквата.
 

"Тој ги прекина сите врски со мене и ме обвинува мене за судбината на неговиот татко. Кевин вели дека јас сум виновна за се бидејќи не ја разбирам Библијата и Бога и дека се сум заслужила бидејќи не сум знаела да покажам покајување и понизност", изјавила Џој за својот сопствен син. 

Во интервјуто објавено со Кевин тој не можел да одговори на прашањето како неговата мајка ги заслужила тие силувања, туку демонстративно ја напуштил собата. 
 

Меѓутоа нивниот друг син, Џејсон Харис, го напуштил култот кога открил што се случувало во неговото семејство и сега ја поддржува својата мајка и ѝ помага да го преброди ова.

Пасторот Лари Харис моментално отслужува петгодишна затворска казна поради обвинение за силување на својата жена. 

Популарно