Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост.

- Врховниот суд на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/24 од 02.04.2024 година, го преиначи на начин што определената мерка притвор против обвинетиот А.Ѓ. ја укина и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост, соопштија денеска од Врховен.

Денешната седница беше втора јавна седница пред Врховниот суд по мерката притвор на таткото на Вања, откако во март годинава Врховен ја одби како неоснована жалбата против мерката притвор на Ѓорчевски, по решението на Апелациониот суд Скопје. 

Таткото на Вања е осомничен за помагање во грабнување на неговата ќерка, малолетната Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двете убиства, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ првообвинет е Љубомир Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. 

По предлог на надлежен обвинител беше укинат притворот на Стефан Димовски, возачот на Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството. На Димовски му се определени мерки на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд. 

Во Тетово прегазен малолетен пешак

На 24.04.2024 околу 12 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица ,,113“ во Тетово патничко моторно возило ,,ауди“ со тетовски регистерски таблици, управувано од М.А. (64) од тетовска Шипковица, удрило во малолетен пешак од Тетово, соопшти МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Како да ги обоите велигденските јајца со природни бои

Во пресрет на големиот празник ви претставуваме неколку совети за обојување на јајцата со природни бои. Еве како можете да добиете цела палета на шаренила:

Жолта: Со куркума ќе добиете сончево жолта боја. Со цветови од камилица, бојата ќе биде многу понежна.

Портокалова: Класика во природното фарбање: Лушпи од кромид. Овие се варат заедно со јајцата, а пото се оставаат уште 30-тина минути да се упие бојата. За портокалова боја можете да користите и моркови.

Розе и црвена боја: цвекло или лушпи од црвен кромид даваат навистина убави пигменти. Сакате посветли нијанси: едноставно скратете го времето на јајцата во бојата.

Сина или лила: користете боровинки, аронија, црвена зелка или холундер за да добиете различни нијанси на сини и лила тонови. 

Зелена: коприва или магдонос, како и спанаќ ќе им ја дадат вистинската зелена боја на вашите велигденски јајца.

Кафена: Црн чај или кафе ќе ви помогнат во добивањето на оваа нијанса.

Мал совет: кој сака да ја заврши работата побрзо, едноставно може да користи природни сокови (цвекло, холундер и сл.) или пак прав од куркума.

Популарно