Силјановска Давкова со големо водство пред Пендаровски

Неофицијално дознаваме дека кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова има големо водство пред кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, на 20% обработени гласови.

Според нашите информации, од досега обработените гласачки места Силјановска Давкова има добиено 44,63% од гласовите на граѓаните, а Пендаровски 19,13%.

Зад нив е Бујар Османи со освоени 13,04% од обработените гласачки ливчиња.

Арбен Таравари освоил 8,53% од изброените гласови, а Максим Димитриевски 7.27%.

Од овие изброени гласови, за Билјана Ванковска се изјасниле 4,14%, а за Јакимовски 0,79.

Неважечки се 2,47%.

Возачот на Командант Вентили фатен како ги полни гласачките кутии?

Возачот на Садула Дураку бил фатен како ги полни гласачките кутии, обвини денеска Орхан Муртезани од „Вреди“, кој денеска во изјава за медиумите зборуваше за сомнежите за злоупотреба во избирачкото место 1112/1 во Липково.

Тука сме да ја осудиме кражбата на гласови, масовното преполнување на „бугарскиот воз“ во општина Липково, поточно во избирачкото место 1112/1. Лицето Алексан Рахмани, возачот на Садула Дураку и неговата десна рака, е фатен како ги полни гласачките кутии, рече Муртезани, а пренесе „Алсат“.

Дураку, кој е носител на листа за ДУИ во ИЕ1, иако е поранешен министер и долгогодишен функционер на албанската партија, македонската јавност го памети како човекот кој во летото 2001 со уште двајца припадници на ОНА го завртел вентилот за довод на вода од Липковското Езеро по што населените места од кумановскиот крај немале вода неколку седмици. Поради тој случај го доби прекарот Командант Вентили.

(Видео) Таско ќе стане татко по вторпат, со сопругата го открија полот на бебето

Раперот Христијан Тасковски Таско и неговата сопруга Наташа ќе добијат второ дете. Тие стапија во брак во мај 2023 година,а во јуни 2023 го добија синот Лукијан.

Со слатко видео на социјалните мрежи преку торта открија дека очекуваат ќерка. Двајцата се пресреќни за веста, а Наташа се гледа дека не може да ги задрже солзите од среќа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Tasko (@tasko.ur)

Популарно