Пресврт на евровизиските кладилници пре почетокот на натпреварот

Се поблиску е почетокот на Евросонг кој оваа година се одржува во Малме, а како што се приближуваме до 7 мај, кога ќе се одржи првата полуфинална вечер, така се менува и состојбата во обложувалниците.

Овојпат нашиот сосед Србија со претставничката Тејадора и песната „Рамонда'' паднаа уште подолу по скалилата и сега го зазема солидното 23 место. Официјалните обложувалници до неодамна предвидуваа 20-то место, за победа во големото финале кое се игра на 11 мај, но има промени.

Хрватска, која годинава ја претставува Бејби Лазања, долго време беше на првото место, а сега ја престигна Швајцарија, чиј претставник годинава е Немо, со песната „The Code“. Во првите пет фаворити се наоѓаат и Холандија, Италија и Украина.

Овогодинешното издание на Евровизија ќе се одржи во Малме, Шведска од 8-ми до 11-ти Мај.

Викторија Трајков: Битолчанка никогаш не може да стане скопјанка!

Нова недела, ново издание од „Нешто конкретно“, со оглед на периодот во кој се наоѓаме и насекаде околу нас слушаме ветувања, овојпат го поставуваме прашањето во што да веруваме и дали ни остана нешто на кое можеме да се потпреме? 

Војо Иванов како претставник на оние што се дружат повеќе со животни отколку со луѓе ќе ни каже зошто поголема доверба во животното отколку во човекот, а друштво ќе му прават доц. Викторија Трајков, Ивона Јо и отец Бобан Митевски.

Сите заедно се согласија дека ќе имаме добра емисија се додека Војо ги чува на страна кутиите со своите рептили.

Тој смета дека не важи правилото ако ги сакаш животните автоматски си добар човек, а во вода според неговото животно искуство паднала и мислата дека ако животното сака некој човек значи тој е добар човек. Војо дури знае на децата во Зоолошка градина, што се плашат од змиите, да им каже доста се плашите од животни, плашете се од луѓе, луѓето знаат да глумат.

Викторија Трајков, пак, верува дека битолчанка никогаш не може да стане скопјанка, вели ние не се даваме, посебен вид сме што живееме на таа страна од Македонија. 

Таа има поставено ѕид околу себе и не му верува секому, малкумина се оние што ја знаат вистинската Викторија, тврди дека затвореноста, односно одбранбениот ѕид што го поставила околу себе повеќе и помогнал во животот отколку што и наштетил.

Ивона Јо исто така тешко верува на луѓето, а таа лекција ја научила од професијата со која што се занимава. Таа повеќе би му поверувала на волк отколку на свој противник, простува само за себе не за другите затоа што само така го добива сопствениот мир, таа изјави дека дури откако им простила на сите почнала да го живее тој сопствен мир.

Отецот Бобан вели дека првиот контакт со човекот е важен за да знаеме дали може да му веруваме и да му се отвориме, но тоа не значи дека не можеме и да се излажеме со тој впечаток на доверба што наводно сме ја стекнале. 

Целата епизода гледајте ја на следниот линк:

Гледајте „Нешто конкретно“ секоја недела во 17.00 часот на Телма

МВР: Личните документи ќе може да се подигнат и во среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори што ќе се одржат во среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.

Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

Популарно