ПОРАКА ДО ГРЧКИТЕ ХИСТЕРИЧНИ ВЛАДИЦИ: Монахињите од манастирот во Слепче со порака до грчките владици кои протестираат за името!

Сестринството при Слепченскиот Претеченски манастир напиша неколку стихови посветени на свештениците и владиците од Грчката православна црква, кои деновиве секојдневно се на улица и протести против правото на идентификација на македонскиот народ – пренесе порталот „Религија“.

-Христијанинот на злото со зло не враќа, тој се моли за своите непријатели. Но секогаш ќе остане зачуден кога од оние од кои очекува да слушне зборови духовни, слушне зборови светски кои припаѓаат на самољубието и од него произлезената гордост, стои во образолжението на напишаните стихови, насловени како „Драма“.

Драма

Многуглаголиви говорници

повишиле гласови до небеси,

рашириле раце до немајкаде

мисли им одлутале во беспаќе.

Се собрале, се набрале,

не знаејќи што да прават со себе

откако на себе заборавиле

а на Бога не се сетиле

тргнале да се наситуваат

со ум надалеку да лутаат.

Драма запишуваат Ангелите

за човекот и неговата ненаситност

на тоа зачудени останаа демоните

каде се оди човекот и неговата гордост.

Земја им треба на луѓето

да прошират ниви и градини,

ширина им треба на безумието

за око ненаситно поголеми залаци.

Ако ги прашуваш

нема да знаат да одговорат,

ако за причина ги испитуваш

од објаснувања ќе се уморат,

а всушност, прошепоти Ангелот,

едни до други не научија да живеат

па така им одлетал погледот

на места каде страсти одлучиле да се прошират.

Моето мое е,

твоето мое е,

содржина е на оваа драма

за да причината нема мана

кога земјата ќе изнедри места лесни

кои ќе послужат за гробови пресни.

Крај нема човековата самотија

кога војна прифаќа со леснотија,

но не таа која поглед има кон Небото,

туку таква која не ја памети ни морето.

Заштити, спаси и сочувај

Боже со Твојата Благодат!

ВИДЕО: Мултиетничка прослава на Водици во Струга

Со пеење на христијански песни на македонски и на албански јазик денеска Струга поинаку од минатите години го празнуваше празникот Водици, односно денот кога во реката Јордан бил крстен Исус Христос. Манифестацијата за фрлање на крстот во водите се организираше на Црни Дрим, а дојде и владина делегација која ја предводеше премиерот Заев, како и градоначалникот Рамиз Мерко.

А, најмасовната манифестација во земјава за празникот се организираше во соседен Охрид. Неколку илјади граѓани од земјава и странство го преполнија градското пристаниште за да го проследат чинот на фрлањето на крстот во водите на езерото чија температура денеска беше само 6 степени. Предизвикот, но и желбата прв да се доплива до крстот, ги прифатија околу 500 капачи.

Религија.мк

ФОТО: Синот на Љубе Бошкоски го фати крстот во Перој, Хрватска

 Филип, синот на Љубе Бошкоски, го фати крстот во Перој во Хрватска, каде вчера беше фрлен крстот за Водици, По крстот во Јадранското Море, освен Филип, кој беше единствениот Македонец, скокаа Руси, Срби, Црногорци, Хрвати и Бугари.

Перој во Истра е единственото православно место во Хрватска, а фрлањето крст во морето за Водици е долгогодишна традиција. Таму по крстот скокаат и жени.

Популарно