Грешка која ја правиме сите со климата во автомобилот, а може да предизвика рак

Кога ќе седнеме во автомобил најчесто прво го палиме моторот и веднаш ја палиме климата и си ги тераме обврските и не размислуваме дека со тоа си правиме штата на своето здравје, но и здравјето на најблиските. Кога автомобилот го оставаме на сонце, но и на ладовина во него се собира од 400 до 800 mg бензол.

Ако сте паркирани на сонце на температура повисока од 16 C нивото на бензол може да стигне од 2.000 до 4.000 mg, што е за 40 пати повеќе од дозволеното ниво. Луѓето влегуваат во автомобилот со затворени прозорци и го го вдишуваат бензолот, не знаејќи дека тој е многу штетен за бубрезите, црниот дроб и коскеното ткиво, а освен тоа тој многу тешко се исфрла од организмот. Во прирачникот за автомобилите со клима само пишува дека е препорачливо да се отворат прозорците пред да се запали климата.

МЕДИЦИНСКО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ Резултатите од медицинското истражување покажуваат дека пред да почне со работа климата во автомобилот го исфрла надвор целиот загреан воздух кој може да предизвика рак. Затоа следен пат кога ќе седнете во автомобилот, дури иако не чуствувате мирис на загреана пластика, прво отворете ги прозорците на неколку минути, а потоа климата, и не ги затворајте прозорците уште неколку минути додека работи автомобилот. Создадете си навика да го правите ова редовно.

Колку пари може да се внесат и изнесат преку граница?

Резидентите можат во Република Македонија слободно да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари до 10.000 евра.

Според информациите од Царинската управа, за да внесуваат 10.000 евра и повеќе, треба при преминот на државната граница кај надлежните царински органи го пријават износот на ефективни странски пари и чекови што го внесуваат.

Нерезидентите можат во Република Македонија слободно да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 10.000 евра.

Тие можат во државата да внесуваат ефективни странски пари и чекови од 10.000 евра и повеќе, само доколку при преминот на границата кај царинските органи го пријават износот што го внесуваат.

Резидентите можат да изнесуваат од Република Македонија ефективни странски пари и чекови до 2.000 евра. Тие смеат да изнесат ефективни странски пари и чекови во противвредност од 2.000 до 10.000 евра, само доколку при преминот на државната граница кај царинските органи го пријават износот.

Ефективните странски пари резидентите ги изнесуваат врз основа на потврда од овластена банка или менувачница за купување на странски ефективни пари или врз основа на потврда од банка за подигање на девизи од сопствена девизна сметка.

Потврдата важи до првото преоѓање на границата, а најдоцна 90 дена од денот на издавањето.

„Албанската платформа/декларација“ е жива - се очекува закон за употреба на Албанскиот јазик во Собрание

Декларацијата на политички партии на Албанците не е дел од историјата, изјави шефот на ДУИ, Али Ахмети. Најавуви дека по празникот Бајрам овие партии ќе се состанат повторно и увери дека наскоро во Собранието ќе се најде и новиот Закон за албански јазик.

-Прашањето за јазикот е дел од договорот за коалиција. Тоа е само прашање на време кога ќе биде во собраниска процедура за гласање, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ во емисијата „Патот кон…“

Но, Ахмети не одговори дали тоа ќе се случи пред локалните избори.

-Не ме држете за збор, тоа е дел од агендата, рече Ахмети.

Во интервју за емисијата „Патот кон…“ Ахмети зборуваше за распоредувањето на ресорите со коалицискиот партнер. Тој рече дека прашањето на јавниот обвинител и понатаму останува отворено, но рече дека не е време Управата за безбедност и контраразузнавање да се раководи од Албанец. Ахмети призна дека овој владин мандат е тежок поради бројките, но рече дека ќе успее благодарение на помошта од меѓународната заедница. Меѓу другото, Ахмети рече дека одлуката за коалиција со СДСМ не беше наметната и дека за ова самиот го известил лидерот на ВМРО – ДПМНЕ  Никола Груевски.

Ахмети ја отфрли секоја можност за тајни политички договори со СЈО, одговарајќи на обвиненијата дека СЈО има селективен пристап кон претставниците на ДУИ. Тој рече дека нема да амнестира ниту ќе ги заштити функционерите на неговата партија, доколку тие ја злоупотребиле дадената доверба. Исто така ги отфрли тврдењата за тајни коалиции со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, со образложение дека тема на дискусија на последниот состанок била Договорот од Пржино.

Во меѓувреме БЕСА најави дека веќе има изготвено закон.

Популарно