Приведен ученикот што претепа наставничка и нападна соученици

Полициски службеници го лишиле од слобода ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во Скопје.

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 12.40 часот во основно училиште на подрачјето на населба Влае во Скопје, полициски службеници од ЕВР ОКР Карпош лишиле од слобода ученик (штитеник од Јавна установа за згрижување на деца) поради тоа што околу 10 часот во училиштето, откако претходно скршил дел од инвентар, физички нападнал негови соученици и двајца наставници, а го скршил и мобилниот телефон на еден од наставниците.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

(Фото) Водителот Марко Новески стана татко на близначиња

ТВ и радио водителот Марко Новески денеска стана татко на близнаци.

Неговата сопруга Цена на свет донесе момче и девојче, а гордиот татко веднаш  се пофали на социјалните мрежи.

– Добредојдовте Вања и Веда и фала ти Цена што ми го оствари најголемиот сон ТЕ САКАМ, напиша Марко во прилог на фотографијата од близнаците.

Познатиот македонски водител стапи во брак со саканата Цена Плавевска во август 2021 година.

Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, изнесува 116.8. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува 39 276 денари.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (25.4 %), Административни и помошни услужни дејности (22.8 %) и Уметност, забава и рекреација (20.3 %).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (9.8 %), Рударство и вадење на камен (7.4 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (5.1 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во февруари 2024 година, изнесува 58 967 денари. 

Популарно