(ВИДЕО) Што се ПМ 10 и ПМ 2,5 честички и што можат да му направат на вашето здравје?

ПМ 10 се многу ситни честички со големина до десет микрометри кои содржат канцерогени метали, прав и други опасни материи. ПМ 2,5 честичките се четири пати помали од првите и како такви можат да навлезат и во крвотокот. Каква штета му прават овие честички на организмот, објаснува  Мими Кимовска Христова, педијатар и член на О2 Коалицијата за чист воздух.

Ова е се само не е воздух каков треба да дишеме. Вака доктор Мими Кимовска Христова, ја опишува денешната состојба во главниот град, но таа веќе 4 години постојано алармира и предупредува за зголемената аерозагаденост и штетните последици кои ги чувствуваме сите и на социјалните мрежи и преку еколошките здруженија.

-Ова е се само не е воздух, смог измешан со зголемено ниво на штетните ПМ 10 и ПМ 2,5 честички, изјави д-р Мими Кимовска Христова, педијатар и член на Коалицијата О2 за чист воздух.

Според д-р Кимовска Христова, научни студии докажале дека штетните ПМ честички се причина за сериозни болести меѓу кои и малигни заболувања, предвремени породувања и бебиња родени со мала тежина.

-ПМ 10 се многу ситни честички со големина до десет микрометри кои содржат канцерогени метали, прав и други опасни материи. ПМ 2,5 честичките се четири пати помали од првите и како такви можат да навлезат и во крвотокот, додаде д-р Кимовска Христова.

(ГАЛЕРИЈА 18+) Ова е најозлогласената област во Бразил каде проституцијата е легална, а поседувањето на бордел е нелегално

Доколку шетате околу вилата Мимоза во Рио, ќе се соочите со парада на криминалци, дрога, штетници, бамбуси, кучиња, мажи, жени и бебиња кои трчаат наоколу во пелени и на сето тоа му нема крај. Вила Мимоза е една од најозлогласените области за проституција во Бразил.

Додека туристите со сексуална желба масивно ја посетуваат Копакабана, Вила Мимоза привлекува многу повеќе локални клиенти. Неколку илјади жени работат во ова соседство кое се наоѓа во северниот дел на Рио де Жанеиро. Бројката се движи помеѓу 2.000 и 3.500 жени, додека луѓето од оваа област тврдат дека дневно ја посетуваат 4.000 клиенти. 

Соседството е мрежа од напуштени згради, базени, продавници и бордели. Проституцијата не е нелегална во Бразил, но она што е нелегално е поседувањето и водењето на бордел. Зад продавниците ќе наидете на илјадници мали, темни, речиси задушувачки простории каде проститутките ги задоволуваат своите клиенти.

Но, оваа област е исто така дом на десетици семејства. Доколку шетате наоколу ќе наидете на парада која нема крај, паради од криминалци, дрога, разголени девојки, мажи, жени, кучиња и бебиња во пелени кои трчаат наоколу.

Во оваа област на трансексуалците влезот им е забранет.

На неа и кажа „Да“ во Лас Вегас пред 3 години - ова е сопругата на Тони Цетински

Дубравка е третата сопруга на популарниот хрватски пејач Тони Цетински, а се венчале во Лас Вегас пред три години.

Оние кои ги познаваат велат дека Дубравка и Тони се навистина романтични. Таа е способна жена која ужива да работи на кариерата на Тони.

Дубравка е позната по тоа што не сака да се овојува од својот сопруг, а еден со друг се поддржуваат и на друштвените мрежи.

Популарно