ЦУК апелира на внимателност поради влошувањето на временските услови

Заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места, ЦУК апелира на внимателност, редовно чистење на локалните одводни канали, да не се фрлаат отпадоци во нив, а таму каде што ги има да се исчистат, бидејќи може да направат брана и да се илее водата од нив.

Бидејќи се очекува и силен ветар, истовремено се упатува апел да се внимава на работите што може да „одлетаат“ од градбите во населбите и особено на градбите што се во изградба, на градилиштата, треба да се обезбедат сите работи што заради ветер би паднале и би претставувале опасност за луѓе коишто се во околината.  Ако се престојува на планина препорачливо е да се има доволно гориво во возилото и да се внимава на планинските патишта.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК.

Приватните специјализанти четврти ден на штрајк

Штрајкот на приватните специјализанти продолжува и понатаму. На денешниот, четврти ден од генералниот штрајк, беше изразена осуда за притисоците што ги имаат од клиниките и од постарите колеги специјалисти.

Доктор Христина Илиоска Чешлароска, специјализант по интерна медицина, трета година, рече дека сака да ги охрабри сите колеги приватни специјализанти, да не подлегнат на притисоците од клиниките и да издржат во оваа нивна борба.

– Со оглед на тоа дека Министерството за здравство и министерот немаат слух за нашите барања, односно се изјаснија само за последното трето барање за решавање на нашиот статус, свесни сме и знаеме дека е тоа долг процес и нашиот статус нема така лесно и брзо да се реши, додаде Илиоска Чешлароска.

Таа појасни дека затоа сакале веднаш да се остварат првите две нивни барања, покачување на месечниот надоместок и воведување на здравствено осигурување. Притоа, истакна, дека со оглед на тоа што тие две барања за кои барале итно да бидат решени, не биле решени, тие ќе продолжеле со нивниот штрајк.

-Бидејќи министерот очигледно нема слух и не гледа дека ние штрајкуваме, во понеделник, во пет до 12, пред Министерството за здравство, повторно ќе се собереме на протест, под мотото, „Пет до 12 за македонското здравство“. Со тоа сакаме да упатиме јасна порака до Министерството за здравство и до целата држава. Затоа што, доколку овие 400 приватни специјализанти не ги добијат своите барања, јас сум сигурна дека на половина од нив, веќе, во некој ќош дома им стои куферот и чекаат само да го спакуваат и да заминат, подвлече Илиоска Чешлароска.

На новинарско прашање, таа одговори дека до сите катедри упатиле барање за поддршка. Јавно се заблагодари на професорката од Медицински факултет, инаку од клиниката за ревматологија, што вчера им даде поддршка. (МИА)

Четири хороскопски знаци ќе се збогатат во втората половина на април

Астролозите сугерираат дека одредени хороскопски знаци ќе имаат поголема среќа на финансиски план и дека ќе можат да се збогатат во втората половина на април.

БИК

Биковите уживаат ненадејна финансиска добивка благодарение на долгорочните инвестиции. Планетите сугерираат дека нивната трпелива инвестиција во недвижен имот или акции ќе вроди со плод овој април.

Совет: Останете отворени за можностите за препродажба и не плашете се да правите храбри потези ако вашата интуиција ви каже дека е вистинското време.

ШКОРПИЈА

Шкорпиите можат да очекуваат неочекувана финансиска добивка преку наследство или поволен исход на правни спорови. Во овој период, тие може да добијат вести за судски сослушувања кои неочекувано завршиле во нивна корист или исплати за осигурување кои доаѓаат како резултат на долги правни процедури.

Совет: Бидете подготвени да ангажирате стручни финансиски советници за паметно да управуваат со вашето ненадејно богатство.

ВОДОЛИЈА

Водолиите би можеле да доживеат финансиски бум преку иновативни проекти или почетни инвестиции. Со оглед на нивната склоност кон технологија и иновации би можеле да откријат или лансираат нов производ кој привлекува големо внимание од инвеститорите или доживува комерцијален успех.

Совет: Бидете отворени за неконвенционални пристапи и нови технологии, тие би можеле да бидат клучот за вашиот финансиски успех.

СТРЕЛЕЦ

Неочекуваната финансиска добивка за Стрелецот би можела да дојде од меѓународни работи или образование.

Совет: Истражете ги можностите на меѓународниот пазар и не плашете се да инвестирате во вашето образование.

Популарно