Куќен притвор за две лица кои беа задржани за убиството на докторот во Железара

Куќен притвор во траење од 48 часа е определен за две од лицата кои беа задржани за убиството на докторот во скопската населба Железара, соопшти утринава Јавното обвинителство.

Оттаму информираат дека ваква мерка е побарана со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази.

-Јавен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство, синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор, во траење од 48 часа, за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара. Тоа, со оглед на тоа што сѐ уште се преземаат дејствија за обезбедување докази. Предлогот е прифатен и бараната мерка е определена, се вели во информацијата од Јавното обвинителство.

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, вчера изјави дека се приведени вкупно три лица поврзани со убиството на лекарот.

-Претресот е завршен во текот на доцните часови, се продолжува со други истражни дејствија, со цел да може да се утврди соодветно фактичка состојба, штом имаме дополнително нови информации, јавноста ќе биде благовремено известена, изјави Тошковски, при посетата на општина Босилово.

Шеесет и седумгодишниот лекар, минатата недела беше пронајден избоден до смрт во неговиот автомобил. Според првичните информации, мотивот за убиството не е поврзан со професијата на жртвата.

Неколку улици од една скопска општина ќе останат без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.

Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.

Дневен хороскоп

Овен

Овни, внимавајте на деталите и бидете организирани за успешно завршување на задачите. Комуникацијата со колегите ќе биде клучна. Денеска ќе биде поволен ден за романтични состаноци и отворени разговори со саканата личност. Слободно изразете ги вашите емоции. Внимавајте на исхраната и редовно вежбајте за да ја одржите виталноста и доброто здравје.

Бик

Бикови, бидете практични и фокусирани на постигнување на целите. Финансиската состојба ќе се подобри со добро планирање и дисциплина. Очекувајте стабилност во врската и убави моменти со саканата личност. Фокусирајте се на заеднички активности кои ќе ве поврзат. Опуштете се и посветете време на релаксација за да ја одржите менталната и физичката благосостојба.

Близнаци

Близнаци, креативноста ќе ви донесе успех во деловното опкружување. Размислете за нови идеи и соработувајте со колегите. Комуникацијата ќе биде клучна за решавање на сите недоразбирања со саканата личност. Бидете отворени и слушајте внимателно. Одржувајте рамнотежа помеѓу активноста и одморот за да ја зачувате енергијата и виталноста.

Рак

Ракови, фокусирајте се на тимска работа и соработка за да постигнете подобри резултати. Вашите идеи ќе бидат ценети и поддржани од претпоставените. Денеска ќе ви биде важна емоционалната поддршка. Изразете ги вашите чувства и покажете ѝ на саканата личност колку се грижите за неа. Внимавајте на исхраната и редовно вежбајте за да ја одржите виталноста.

Лав

Денеска енергијата ќе ви биде висока, што ќе ви помогне ефикасно да ги извршувате задачите и да постигнете успех. Избегнувајте импулсивни одлуки на работа. Бидете спонтани и романтични со саканата личност. Изразете ја вашата страст и љубов на креативен начин. Активирајте се физички за да го намалите стресот и да го одржите доброто здравје.

Девица

Девици, организирајте се и бидете ефикасни во работата за да ги постигнете посакуваните резултати. Анализирајте ја ситуацијата пред да донесете одлуки. Внимавајте на деталите во врската со саканата личност. Размислете за заеднички цели и планови за иднината. Одржувајте рамнотежа помеѓу работните обврски и времето за одмор.

Вага

Денеска бидете дипломати и решавајте ги конфликтите на мирен начин. Вашите преговарачки вештини ќе ви донесат успех. Хармонијата ќе биде клучна во односите. Обрнете внимание на рамнотежата и правичноста во комуникацијата со вашата сакана личност. Практикувајте лесни вежби и здрава исхрана за одржување на добро здравје.

Скорпија

Скорпии, фокусирајте се на долгорочни цели и стратегии. Вашата решителност ќе ви помогне да ги постигнете посакуваните резултати. Интензивните емоции ќе ја обележат вашата врска. Бидете искрени и отворени во комуникацијата со саканата личност. Одржувајте емоционална рамнотежа и посветете време за релаксација за да го намалите стресот.

Стрелец

Денеска размислете за нови идеи и иновативни пристапи во работата. Вашата храброст ќе ви донесе напредок и финансиска придобивка. Авантурата и спонтаноста ќе ја збогатат вашата љубовна врска. Отворете се за нови искуства со вашата сакана личност. Вклучете се во физички активности кои ве прават среќни за да го одржите доброто здравје и виталноста.

Јарец

Јарци, бидете амбициозни и фокусирани на постигнување резултати. Вашата упорност ќе ви донесе професионален успех. Поставете цврсти темели во врската со саканата личност. Размислете за заеднички цели и долгорочна перспектива. Внимавајте на исхраната и дозволете си да одморите за да го одржите вашето физичко и ментално здравје.

Водолија

Водолии, денеска креативноста ќе ви донесе успех во работата. Размислете за алтернативни пристапи и бидете иновативни.Бидете отворени за промени и експерименти во љубовниот живот. Размислете за нови начини на изразување емоции. Посветете се на менталното здравје и релаксација за да ги намалите стресот и напнатоста.

Риби

Риби, бидете внимателни кога комуницирате со колегите и избегнувајте конфликти. Вашата емпатија ќе ви помогне да постигнете хармонија и на работното место. Интуицијата ќе ви биде важна во љубовните врски. Слушајте го своето срце и следете ги вашите емотивни импулси. Посветете се на духовни активности и медитација за одржување на внатрешниот мир и рамнотежа.

Популарно