Дожд, снег и студ

Временска прогноза

Под влијание на нов влажен бран денеска од пладне и во текот на ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови. Во ноќните часови на планините врнежите ќе бидат од снег, а во недела врнежи од слаб снег ќе има и на некои повисоки места особено на запад и на север. Од недела под влијание на северно воздушно струење температурите значително ќе опаднат. А од почетокот на работната недела утринските температури ќе се под нулата.

(ВИДЕО) „Ај кју“ со нова песна

„Ај кју“ ја заокружува годината со нов четврти сингл со наслов „Можам, но не сакам“. Овој сингл е во продолжение на „Најдобар“, „Мојот крал“ и „Колку добро те знам“.

Песната е авторско дело на Бојан Трајковски, кој ги напиша музиката и текстот, а аранжманот е негов и на Дарко Димитров. Песната е снимена е во студиото Music House и во студио „Димитрови“ и е дел од третиот албум „Сепак ми е забавно“.

(ВИДЕО) Невидена среќа: Голема бела ајкула за малку ќе му ја скинеше главата

Јужна Африка е позната по својата висока концентрација на бели ајкули. Камуфлажата на големата бела ајкула е неверојатна, а таа навидум излегува од никаде и се обидува да го гризне или удри нуркачот.

Во последна секунда може да се каже дека ајкулата се сврти малку на страна, па само му ја почеша главата.

Неверојатно, нуркачот ја преживеа оваа блиска средба.

Популарно