Познати се ривалите на Македонија на ЕП 2024

Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе настапи на Европското првенство оваа година. Откако на претходното бевме еден од домаќините, овојпат нашите девојки се пласираа на континенталниот собир преку квалификациите. Македонија ривалките за ова натпреварување ги дочекаа од третиот шешир. 

Европската ракометна федерација ја одржа ждрепката за групната фаза на ова натпреварување во своето седиште во Виена. 

Среќата не посака и Македонија влета во групата А, каде што ќе се натпреварува против Шведска, Унгарија и Турција.

Европскиот шампионат ќе се одржи од 28 ноември до 15 декември оваа година. Домаќини ќе бидат три градови, швајцарски Базел, австриски Инсбрук и унгарски Дебрецин. Натпреварите од нашата група ќе се играат во Дебрецин во Унгарија.

(Видео) Христијан Мицкоски открива детали од неговиот живот - Мајка му била матичен лекар, татко му експерт по шински возила

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на стартот на кампањата за парламентарните избори, сподели видео во кое открива повеќе за приватниот живот и семејната историја.

- Kако дете на мајка - лекар и татко - инженер, пораснат сум во семејство со несебична љубов, каде материјалните работи не беа центарот на интерес, туку посветеноста кон работата и семејството и поддршката едни кон други, вели тој.

Денес, тоа го пренесувам и во моето семејство, каде заедно со сопругата Рози и децата сме најсилниот мотив и поддршка, едни кон други, како во работата, така и во животот.

Па така, и на вас, моите сограѓани, гледам како едно семејство. Вие ќе бидете мојата поддршка, сила и мотив, а мене, вашите потреби, приоритет. Заедно можеме да оствариме сѐ! - порача Мицкоски.

Целото видео погледнете го ОВДЕ

Полицијата го уапси откако го фатиле на лице место како купува дрога, од деталите во шок и најблиските пријатели

Актерот Сергеј Трифуновиќ вчера бил уапсен додека купувал дрога, пишуваат српските медиуми.

Како што неофицијално се дознава, Трифуновиќ бил уапсен откако полицијата го следела автомобилот на мажот В.А. и го фатила додека се случувало примопредавање на дрогата.

– Патролата забележала дека е во тек предавање на дрогата, па пристапила кон апсење на лицата. Лисици му беа ставени на В.А. кој беше означен како продавач на дрога и Сергеј Трифуновиќ како купувач – вели извор за медиумите и додава:

– Кај Трифуновиќ е пронајдено едно ПВЦ пакетче со околу 5 грама марихуана, додека при преглед на возилото што го користел В.А., во чантата биле пронајдени околу 40 ПВЦ пакетчиња со околу 70 грама марихуана и ПВЦ кесата што ја чувал под хаубата на автомобилот.

Популарно