Во следните 10 дена, ѕвездите подготвуваат катастрофа: Ќе останете без пари и љубов, а од 3 јуни следува пресврт !

Почнувајќи од денес па во текот на следните десет дена, ако им се верува на ѕвездите, лошо ни се пишува.

Поточно квадратот на Венера и Плутон во голема мера ќе влијаат на нашите емоции, па можете да очекувате многу импулсивни реакции, фатални средби, тајни врски, но сето тоа нема да донесе ништо добро.

Постои т.н. “орбис” момент кога аспектот ќе почне да функционира, тоа веќе ни се случило, па Венера и Плутон ги чувствуваме со денови, од 21-ти мај.

Овие денови Венера е во знакот на борбениот Овен во лош аспект со Плутон, што сигурно ни носи несоодветни емоции и моментални околности.

Затоа, може да очекувате многу страсти и приказни, но многу малку вистински акции, меѓутоа импулсивни испади, ваши или туѓи тоа е скоро сигурно.

Во овој период не постои златна средина. Или се јавува комплетна желба за откажување или опсесија да го добиеме по секоја цена она што го сакаме, иако можеби тоа не е добро за нас.

За време на викендот кај сите ќе расте потребата на чувството за сигурност, тоа е затоа што Месечината е во знакот на Рак.

Сепак, желбата за сигурност ќе остане само на тоа ниво, бидејќи Венера влегува во аспект на Уран, така што многу планови, кои делувале скоро сигурно, ќе се растурат како и да не постоеле.

Уран симболизира големо изненадување, па можете да очекувате случајни средби, знаење за нови околности кои ќе ви дојдат преку интернет, познаници преку интернет или преку пријатели. Но, дали истите ви се потребни? За жал нема да ви донесат некои убави моменти, според тоа како се поставени ѕвездите.

Без оглед на добриот аспект на Венера и Сатурн, кои прави да имате потреба да правите долгорочни планови, многу љубовни врски, дури и оние кои се стабилни, овие денови ќе бидат на големи искушенија.

Очекувајте да ви се јави партнер од минатото или да поминете време мислејќи на него. Се што ќе ви случува овој викенд, ќе ве врати во минатото и нема да ви биде воопшто пријатно. А сега кога знаете дека планетите си играат со вас, пробајте порационално да погледнете на околностите.

Кога станува збор за финансиите Сонцето и Меркур се во земјениот и материјалниот знак, на Бикот, не треба да правите ризични финансиски потези.

Би требало да бидете внимателни во сообраќајот, затоа што поради замисленоста и невниманието може да доведе до несреќи.

Значи бидете внимателни во текот на целата следна недела, а од 3 јуни, конечно може да се ослободите.

Ситуацијата конечно ќе почне да се стабилизира, бидејќи Венера влегува во Бик и Јупитер и ќе се движи со својот директен од.

Тоа е вистинскиот момент да побарате партнер, затоа што, барем според ѕвездите, тогаш ,многумина ќе запознаат љубов, онаа вистинска и стабилна.

Гоца Тржан брутално искрена - Со својата објава ги растажи сите родители

Гоца Тржан на својот профил на Инстаграм напишала нешто што ги изненади сите нејзини обожаватели. Со својата објава таа ги вознемири сите родители, а воедно ги растажи.

-Размислувам имаат полни соби со играчки, таблети, телефони, компјутери, велосипеди, тротинет, ролери и не им е срам да кажат дека им е досадно! Што направивме од нашите деца. Им дадовме се што ќе посакаат и сега се незаинтересирани и потполно отупеа. Ништо не може да ги воодушеви, ниту заинтересира, ниту да им трае. И ништо не им е полошо од тоа да им го земеш телефонот. Ниту да не одат на море, ниту да не одат во Рим, ниту да не зборуваме со нив, само не им го земајте телефонот, напиалаГоца и додала:

Тажна сум. Бидејќи мислев дека сепак сме им важни. Но им дадовме предмети за да молчат додека јадат, да молчат и гледаат во телефонот додека сме во ресторан, да ги забавува додека готвиме, да молчат додека ние зборуваме. Па не е ни чудно што тој предмет најмногу им значи. Толку пати не има нас заменето. Затоа претпазливо… Кога ќе сфатите дека на вашите деца повеќе не им значи што сте тажни што гледаат само во телефонот, сетете се на овој пост.

(ВИДЕО) На багажникот 22 километри возел пијан човек

Замислете да возите 22 километри и полицијата да ве сопре, бидејќи на вашиот багажник имате пијан човек! Тоа е токму она што му се случи на еден човек од Соединетите Американски Држави.

Човек од Мемфис се опил и се качил на багажникот на еден паркиран автомобил, и таму заспал. Се дошло до еден бизарен настан кога сопственикот на автомобилот дошол во своето возило и без да примети се упатил кон неговата дестинација.

Возел околу 22 километри додека не го сопрела полицијата и предупреди што вози на неговиот багажник.

Популарно