Червар: Македонците од Вардар ќе дојдат во Металург

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија и тренер на Металург ,Лино Червар, најавува преселба на македонските играчи од Вардар во Металург. Во интервјуто за хрватскиот „Вечерњи лист“, Червар нагласува дека иднината на Металург ќе се гради на домашни, македонски играчи, а покрај нив ќе има и по некој странец.

25078-cervar-selektor-na-rakometna-reprezentacija

„Се враќаме во СЕХА лигата која од следната сезона ќе биде исклучително силна. Веспрем остана, а влегоа и словенечките клубови Целје Пивцоварна Лашко и Горење. Ќе биде тешко да се квалификуваме на Ф4 турнирот бидејќи тука се и одличните екипи на Вардар, ППД Загреб, Мешков. Се уште не знаеме со кој ростер ќе играме. Постојат некои назнаки дека вишокот македонски играчи од Вардар ќе дојдат кај нас. БНа пример Филип Лазаров. Како што слушам, Вардар ќе се ориентира главно на странци, а кај мене носители на играта ќе бидат домашни, македонски играчи“ – истакнува Червар во интервјуто за „Вечењи лист“.

Покрај македонските играчи во составот на Металург за новата сезона ќе бидат ангажирани и неколку странци, од кои и неколку хрватски ракометари.

„Ќе има, но не знам кои“ – истакнува Лино Червар.

(ФОТО) Еве како Милан ѝ одговори на Шкендија за видеото

Италијанскиот клуб Милан и одговори на Шкендија на видеото со кое тетовскиот тим сакаше да се претстави пред италијанскиот гигант.

Тетовци вчера објавија видео во пресрет на натпреварот со Милан, а тоа видео го привече вниманието на јавноста и медиумите во земјата, но и во регионот.

Видеото стигна и до официјален Милан, па откако го видеа видеото, од официјалниот профил на клубот беше оставен коментар на Фејсбук.

-Здраво Шкендија. Голем дух за здраво натпреварување! Ќе ни биде задоволство да ве пречекаме на Сан Сиро во четврток. Се гледаме пријатели, гласеше коментарот на италијанскиот клуб.

Ѕвездата на манчестер сити обвинет од проститутка, откако не и платил за услугата

Рахим Стерлин ѕвездата на Манчестер Сити е во уште една каша откако елитна проститука го обвини дека не и платил откако му ја пружила бараната услуга.

Наводно Стерлинг ја поминал ноќта со проститутката во хотел во Лос Анџелес и и оставил 2000 долари, наместо договорените 4000.
 

 

Windy Af #mykonos 🌞💨

A post shared by Tabby Brown 🇬🇧 (@tabbybrown) on

„Тој е милионер, но е многу скржав“, изјави проститутката за британските таблоиди и очигледно сака да му се одмазди со тоа.

За Стерлинг ова не е прв секс скандал, бидејќи неговото име и во минатот беше во жолтата штампа за прељуба.
Пред две години, кога неговата сопруга беше бремена, Стерлинг помина ноќ со Плјебој зајачицата Таби Браун.

 

@paigemilian ❤️

A post shared by Raheem Sterling x 😇 (@sterling7) on

ВИДЕО: Шкендија ќе ве насмее со видеото кое го спреми за Милан

Македоснкиот претставник во Лига Европа, Шкендија за противник во плеј-офот ќе го има италијанскиот гигнат Милан.

Поради тоа клубот од Тетово со симпатично и помалку иронично видео го најави двомечот со седумкратниот европски шампион.

Шкендија преку својот официјален Твитер профил му ги испрати видеото на Милан за да му се „претстави“ со оглед на фактот што од Милано изјавија дека не знаат ништо за македонскиот клуб.

Популарно