Денеска е понеделник, 30 март, 89-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 276 дена.
Денот трае 12 часа и 33 минути.
Сонцето во Скопје изгрева во пет часот и 22 минути, а заоѓа во 17 часот и 55 минути.
Месечината ќе зајде во два часот и 38 минути, а повторно ќе изгрее во 13 часот и 25 минути.
Временска прогноза
Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има слаб локален дожд. Во западните делови ќе дува умерен, на моменти засилен ветер од југозападен правец.
Температурата од 8 до 19 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има слаб локален дожд.
Температурата ќе достигне до 16 степени.