Дали се будите со отечено лице?

По спиење, нормално е лицето да биде малку надуено, па дури и од навидум непознати причини.

Но, иако не мора да значи дека е во прашање нешто сериозно, во никој случај не треба да го занемарите ваквото отекување, особено ако се случува секој ден.

Ова се дел од причините заради кои може да дојде до забележливо отекување на лицето:

1. Сте изеле премногу солена храна

Ако пред да легнете, сте јаделе храна која содржи голема количина натриум, тогаш не е чудно што лицето ви е отечено. Преголемата количина на сол ги задржува течностите во телото, што предизвикува подуеност.

2. Сте пиеле алкохол пред спиење

Алкохолот доведува до дехидрација и истовремено ги проширува крвните садови, заради што може да се разбудите со отечено лице.

3. Не сте ја отстраниле шминката

Отеченото лице може да се должи на алергиска реакција, предизвикана од неисчистената шминка.

4. Сте спиеле на неудобна перница

Дури и перницата може да биде причина за надуено лице во утринските часови. Ако перницата е мека и главата ви пропаѓа, околу очите може да се собере поголема количина на вода, која е одговорна за вашето отечено лице.

5. Целулитис или флегмона

Станува збор за воспаление на поткожното сврзно ткиво. Оваа бактериска инфекција влијае на кожата така што предизвикува симптоми како жештина, црвенило и чувствителност.

6. Нетретиран синузитис

Синузитисот се манифестира со воспаление на слузницата на синусите и е проследена со притисок и болки во пределот околу очите. А, тоа може да биде и причина за лицето да ви отече, штом се разбудите наутро.

7. Проблеми со тироидната жлезда

Тироидната жлезда лачи хормон кој е неопходен за нормално функционирање на метаболизмот. Доколку постои недоволна или засилена активност на оваа жлезда, доаѓа до нарушување кое предизвикува отекување на лицето и голем број други симптоми.

97% од луѓето заболени од рак, ги имале овие проблеми со забите

Постои една заедничка стоматолошка процедура што речиси секој стоматолог ќе ви каже дека е сосема безбедна и покрај фактот што научниците предупредуваат од неговите опасности.

Секој ден во САД, 41.000 од овие стоматолошки процедури се изведуваат на пациенти кои веруваат дека добиле безбедно и трајно решение за нивните проблеми.

Која е оваа стоматолошка процедура? Коренскиот канал. Повеќе од 25 милиони коренски канали се поправаат секоја година во оваа земја.

Поправените коренски канали на забите во суштина се “мртви” заби кои може да станат подмолни инкубатори на високо токсични анаеробни бактерии, кои можат под одредени услови, да си направат свој пат во вашиот крвоток и да предизвикаат голем број на сериозни болести, а кои многумина од нив се појавуваат децении подоцна.

Повеќето од овие “отровни заби” не се чувствуваат и изгледаат дека се во ред многу години подоцна од нивното поправање, па затоа системските болести потешко се следат.

За жал, поголемиот дел од стоматолозите забораваат на сериозните потенцијални здравствени ризици на кои се изложуваат нивните пациенти, односно, на ризиците кои постојат за остатокот од нивниот живот.

Руски рецепт против пушење

Хемискиот состав на цигарите е навистина сложен, бидејќи во него има над 1400 различни супстанци.

Меѓу нив најотровни се никотинот и катранот.

Просечниот животен век на страствените пушачи е пократок за десетина години од непушачит. Секоја испушена цигара го скратува животот за околу 14 минути, а на лицата кои се во близина на лица кои пушат цигари им се скратува за 5 минути. Пушачите страдаат и од болести на срцето и крвните садови, како и мозочни удари.

Ако сте пушач, веројатно сте се обиделе неколку пати да престанете да пушите. Овој пат тоа нека ви биде успешен обид. Ви претставуваме фантастичен рецепт, а потребно ви е:

-грејпфрут

-портокал

-2 децилитри чај од камилица

-30 грама масло од јојоба

-30 грама кокосово масло

-5 грама оригано

[ulje-kokosa]

Подготовка:

Исцедете го грепот и портокалот. Во сад измешајте ги сите состојки додека не добиете хомогена смеса. Пота ставете ја смесата во сад кој ќе можете да го носите со себе. Нанесете ја мешавината под нос, само ставете неколку капки на вата и вдишувајте секогаш кога ќе добиете потреба за цигара.

Позитивното влијание на ракијата по вашето здравје

Се што се конзумира претерано е штетно, но ако се конзумира во мали количини, може да биде корисно. Еве зошто мала количина на ракира е добра за вас.

Го намалува стресот – Доколку ја пиете во умерени количина делува на нервниот систем, го опушта и релаксира и мозокот и телото.

Не дебелее – Помалку калорична е од сите газирани сокови, па понекогаш и од некои негазирани. Со испиена една чашка ракија дневно се намалува холестеролот и не дозволува дебелеење.

Го смалува ризикот од мозочни и срцеви заболувања – Одлично делува на спречување на таложење на масни наслаги и холестерол при кардиоваскуларниот систем.

Помага за спречување на настинки – Може да послужи како одличен сируп против кашлање. Ги убива сите бактерии во грлото. Најдобар ефект ќе добиете доколку ја помешате со лимон и топла вода.

Запоменете, ракијата е добра за здравјето само во мали количини!

Популарно